Општини во Македонија
Општините во Македонија се административни единици од прв степен. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.
Во периодот од 1996 до 2004 година Македонија имала 123 општини, а со последната административна поделба бројот се намалил. Така, дел од општините останале непроменети, а дел биле споени со поголеми општини. По број на население и според пописот од 2002 година, најголема општина во Македонија е Куманово со 105.484 жители, а најмала е Вевчани со 2.433 жители. По површина, најголема општина е Прилеп која има 1.194 км2, а најмала е Чаир со површина од 3,5 км2.
Административната поделба на Македонија била сменета во 2013 година. Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Кичево. Така бројот на општини од 84 се намалил на 80. Покрај општините, административно Македонија е поделена и на 8 плански региони, но тие не се сметаат за првостепена административна поделба, туку како плански региони за развој.
ИсторијаУреди
1952 - 1955Уреди
Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на околии, потоа на градови, градски општини и општини.
1955 - 1957Уреди
Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 86 на број. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.
1957 - 1965Уреди
Во периодот од 1957 до 1965 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкипно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле вкупно 73, т.е. 61 на број според подоцнежното укинување на 12 општини. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.
1965 - 1996Уреди
Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Тогаш биле создадени нови општини кои опстојувале до 1996 година, кога биле укинати со закон на Република Македонија. Од 1965 до 1996 година во Македонија имало 32 општини, од кои неколку го формирале градот Скопје како посебна административна единица.
1996 - 2004Уреди
Во 1996 година бил донесен нов закон за територијална поделба на Македонија со кој се укинал законот на СР Македонија. Според тој закон Македонија имала 123 општини кои претставувале првостепена и единствена административна поделба.
ОпштиниУреди
Во следната табела се наведени сите општини во Македонија по азбучен ред. Покрај тоа, во табелата има информации за седиштата на општините, кодовите, површината, населението и регионот во кој се наоѓаат истите. За знамињата и грбовите, видете ги галериите за општински знамиња и грбови.
Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):
Грб | Општина | HASC[13] | ISO 3166-2:MK | Седиште на општината | Површина (км2)[14] |
Население (2002) |
Регион | Општински службени јазици |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Вранештица | MK.VC | MK-15 | Вранештица | 109 | 1.322 | Југозападен | македонски турски | |
Другово | MK.DR | MK-28 | Другово | 383 | 3.249 | Југозападен | македонски | |
Зајас | MK.ZA | MK-31 | Зајас | 161 | 11.605 | Југозападен | македонски албански | |
Осломеј | MK.OS | MK-57 | Осломеј | 137 | 10.420 | Југозападен | македонски албански |
Означени карти со врскиУреди
- Карта на општините во Македонија од 2013 година до денес
(стиснете за општини)
- Карта на општините во Македонија од 2004 до 2013 година
БелешкиУреди
^ Општини, вкупно 10, кои го сочинуваат Град Скопје
^ Хиерархиски административни поделбени кодови (HASC): поврзани со ISO поддржавните кодови
НаводиУреди
ПоврзаноУреди
„Општини во Македонија“ на Ризницата ? |