Беровци

село во Општина Прилеп

Беровци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Беровци
Беровци во рамките на Македонија
Беровци
Местоположба на Беровци во Македонија
Беровци на карта

Карта

Координати 41°17′51″N 21°29′47″E / 41.29750° СГШ; 21.49639° ИГД / 41.29750; 21.49639
Регион Прилепско Поле
Општина  Прилеп
Население 365 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20005
Надм. вис. 612 м
Беровци на општинската карта

Атарот на Беровци во рамките на општината
Беровци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа во јужниот дел на Прилепско Поле, на територијата на Општина Прилеп, недалеку од десната страна на патот Прилеп-Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 628 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 10 км.

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 916,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 96,7 ха, а на шумите 41,5 ха. Селото има полјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948252—    
1953302+19.8%
1961352+16.6%
1971375+6.5%
1981357−4.8%
ГодинаНас.±%
1991355−0.6%
1994353−0.6%
2002334−5.4%
2021365+9.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беровци живееле 230 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Беровци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Беровци се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Населбата е средна по големина, речиси без промени во бројот на населението. Во 1961 година селото броело 352 жители, а во 1994 година 353 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото Беровци има 334 жители, од кои 333 Македонци и еден останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 365 жители, од кои 340 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 23 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 120 252 302 352 375 357 355 353 334 365
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Беровци е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Беровци се:

  • Доселеници: Вршковци (2 к.), потекнуваат од предокот Марко, доселени се околу 1850 година од селото Ерековци; Куциовци (1 к.), доселени се околу 1850 година од селото Прилепец; Штрклевци (3 к.) и Милевци (2 к.), доселени се околу 1850 година од селото Галичани; Томевци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Галичани, таму имаат истоимени роднини; Беџовци (4 к.), доселени се пред 1912 година од Алинци; Џелиловци (5 к.), доселени се од Марул и таму се доселиле однекаде; Черкезовци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Галичани, пред тоа живееле во Боротино и Лагово; Емровци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Кадино Село, подалечно потекло од Бела Црква; Јанчевци (5 к.), стари деленици од Емровци. Овие два рода во Бела Црква имале роднини тоа биле Куцовци. Подалечно потекло од Смилево во Железник; Јаричевци (1 к.), доселени се 1925 година од Алинци, таму припаѓале на родот Головодовци, подалечно потекло од селото Света во Железник; Алексовци (1 к.) доселени се од Леништа; Бутрак (1 к.), доселени се од Галичани, после 1918 година, гранка се од родот Бутраковци кои живеат во Големо Коњари, подалечно потекло непознато; Гулабовци (1 к.), доселени се во текот на Втората светска војна од селото Сливово во Дебрца; Грујовци (1 к.) доселени се од Мало Коњари и Апчевци (1 к.) доселени се од Прилеп пред 1912 година.[13]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Цркви
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Селска Црква — осамен наод од римско време;
  • Кметица — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Црквиште — неопределено наоѓалиште од непознат период;

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1432 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 297 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Мојсовци (7 к.) иселени се во Веселчани, Вишиновци (5 к.), иселени се во Алинци, Трајковци (3 к.) се иселени во Мало Коњари, Апчевци (1 к.) иселени се во Мажучиште и Николовци се иселени во Шелеверци. Од родот Куциновци има иселеници во Прилеп.[13]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 27.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 332–333.
  14. Осветување на камен-темелник на нова црква во с. Беровци, Прилеп
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди