Чешиново
Чешиново — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
Чешиново | |
![]() Воздушен поглед на Чешиново | |
Координати 41°52′16″N 22°17′12″E / 41.87111°N 22.28667°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Кочанско Поле |
Население | 727 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2333 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13045 |
Надм. вис. | 225 м |
Слава | Свети Константин и Елена |
![]() |
Селото до 2004 година било административно седиште на некогашната истоимена општина и служи како главно село за останатите села во околината.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Кочанското Поле, сместено во средишниот дел на Општина Чешиново-Облешево.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 225 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 12 километри.[2]
Селото е поврзано со асфалтен пат со некогашниот патен правец Штип-Кочани, а со новиот експресен пат Штип-Кочани на А3 се пристапува преку клучката кај Спанчево.
Чешиново е изразено низинско село, а во непосредна близина се наоѓа железничката пруга Кочани-Штип со железничката станица „Соколарци“ (наречена вака, бидејќи во 1960-тите години станицата се наоѓала 800 метри оддалечена од Чешиново, а денес скоро да е во самото село). Соседни села се Чифлик, Облешево, Соколарци и Уларци. Водата за пиење се добивала од два бунари - Бакамски и Ѓиров Бунар (длабоки 4 и 5 метри). Во останатите бројни бунари водата не е добра за пиење.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Барутница, Корито, Селско, Вртопи, Горни Џерен, Кула, Кинџурка, Долномалски Авлии, Црна Земја, Оризиште и Лака.[3]
Соколарци има збиен тип, а куќите се групирани во три маала: Долно, Средно и Горно Маало. Горното Маало се протега кон железничката станица.[3]
Историја
уредиЧешиново е старо село што може да се заклучи од зачуваните староседелски родови. Постојат три такви рода, додека во минатото нивниот број бил поголем. Некои старинци имале своја земја дури и за време на отоманскиот период.[3]
Околу 1900 година, Чешиново имало околу 25 македонски куќи и своја земја имале само Ќимовци.[3]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 7 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 610 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[2]
Во селото работи погон за мелен камен во склоп на рудникот „Опалит“, земјоделска задруга и услужни објекти.[2]
Главна земјоделска култура е надалеку познатиот ориз, а исто така почвата е погодна за производство и на шеќерна репа.
Покрај споменатиот рудник „Опалит“, во селото се активни и следниве претпријатија: „Мак-Млин“, „Млин-Пајо“ - фабрика за луштење на ориз, „Бобик“, „Прогрес“, „Млин Кула - Прогрес“, „Ледер“ - погон за дрвна индустрија, „Естетика“ - погон за производство на гранитни плочки и мермер, бензинска пумпа „Еуро Петрол“, како и неколку занаетчиски дуќани „Автосан“, „Егеј“, „Б+“ и други. Најголем број од женската работна рака е вработена во модната конфекција „Јоти“ - погон за лесна конфекција.
Во отоманскиот период постоеле пет турски чифлици, чии сопственици биле Јашар-бег, Бедријан-бег и Дурак-бег од Кочани, како и некој Турчин со име Клинчар од Скопје и еден кратовски бег. На местото Кула се наоѓала кулата на Јашар-бег.[3]
Во периодот 1913-1915, земјата од чифлиците ја откупиле мештаните.[3]
На месноста Барутница за време на Турците се правел барут, а во тоа учествувале Ромите. На површината на месноста се забележуваат мали тумби.[3]
-
Поглед на претпријатието „Мак-Млин“
-
Објектот на железничката станица „Соколарци“ на крајот од селото Чешиново
-
Силосите на „Мак Млин“
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чешиново живееле 310 жители, сите Македонци.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Чешиново имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Селото е големо и е населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 1.134 жители, а во 1994 година 1.052 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, селото имало 998 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 727 жители, од кои 703 Македонци и 24 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 310 | 320 | 791 | 927 | 1.134 | 1.200 | 1.224 | 1.051 | 1.052 | 998 | 727 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиЧешиново е македонско село.[3]
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
- Староседелци: Ќимовци (8 к.), Бакамци (5 к.) и Поровци (3 к.).
- Доселеници: Богатиновци (7 к.), Тошевци (6 к.), Кузмановци (5 к.), Левковци (3 к.) и Лебарци (3 к.), доселени се во XIX век од селото Спанчево; Неделковци (10 к.) и Шоповци (6 к.), доселени се во XIX век од селото Страцин во Кратовско; Пиљавци (7 к.), доселени се во XIX век од селото Саса кај Македонска Каменица; Виткарци (4 к.) и Андоновци (3 к.), доселени се од селото Сарчиево во Штипско; Бурилчанци (3 к.), доселени се од селото Бурилчево; Цековци (3 к.), доселени се од селото Мојанци, а таму биле доселени од селото Спанчево; Трендафиловци (3 к.), доселени се од селото Соколарци; Паљут (1 к.) и Кучичанци (1 к.), првите се доселени од Спанчево, а вторите од Кучичино; Бојковци (8 к.), Ќировци (6 к.), Здравевци (4 к.) и Чочковци (4 к.), доселени се, но не знаат од каде.
- Играорец во македонска народна носија во селото
Иселеништво
уредиСе знае за староседелците Цијаковци (Илија Цијак и други) дека се иселиле во Кочани, а во турско време се иселиле и некои мештани од староседелскиот род Ќимовци (Аџи Станко и Митре). Други македонски иселеници од Чешиново живеат во селата: Чифлик (Кашовци, 6 к. и Златанови, 5 к.), Бурилчево (Шарковци, 5 к.), Облешево (Ставреви, 3 к. и Баба Ќекини, 2 к.) и Прибачево (Божиново, 3 к. и Апостолови, 2 к.).[3]
Општествени установи
уреди- Подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“, деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Соколарци
- Пошта (2333)
- Амбуланта
- Аптека
-
Амбулантата
-
Аптеката
-
Основното училиште
-
Поштата
Самоуправа и политика
уредиНа крајот од XIX век, Чешиново било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.
Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Чешиново, се наоѓале и селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Ново Селани и Соколарци. Селото повторно било седиште на некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 0875 и 0876 според Државната изборна комисија, сместени во поранешната општинска зграда и задружниот дом.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 717 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 748 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[15]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Петка“ — мала селска црква.
-
Главната селска црква „Св. Димитриј“
-
Црквата „Св. Петка“
Редовни настани
уреди- Слави[3]
- Свети Константин и Елена (3 јуни) — главна селска слава
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 319. Посетено на 11 јануари 2025.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 132-134. OCLC 16745284.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јануари 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 11 јануари 2025.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.