Чалакли
Чалакли — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Чалакли | |
Воздушен поглед на селото Чалакли | |
Координати 41°18′11.88″N 22°38′24.00″E / 41.3033000°N 22.6400000°E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 412 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04021 |
Надм. вис. | 160 м |
Чалакли на општинската карта Атарот на Чалакли во рамките на општината | |
Чалакли на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Валандово, во рамките на Валандовското Поле. Атарот се допира со подрачјето на општините Струмица и Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 160 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 11 километри.[2]
Селото е сместено на јужните падини на планината Беласица.
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат до селото.
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа површина од 9,1 км2. На него шумите заземаат површина од 701 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 113 хектари, додека пасишта нема.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во него работат или работеле четири продавници.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 60 домаќинства со 133 жители муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чалакли живееле 260 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 111 жители, од кои 58 биле Турци, а 50 жители Срби. Во 1994 година, бројот се зголемил на 277 жители, исклучиво турско население.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 385 жители, од кои 381 Турчин, 3 Срби и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 412 жители, од кои 1 Албанец, 388 Турци, 1 Србин и 22 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | — | 140 | 172 | 111 | 85 | 198 | 297 | 277 | 385 | 412 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Иселеништво
уредиТурското население повреме се иселува во Турција.
Општествени установи
уреди- Подрачното основно училиште „Нам’к Кемал“, деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово
- Пошта (2461)
- Амбуланта
- Месна заедница
-
Поштата
-
Основното училиште
-
Амбулантата
Самоуправа и политика
уредиНа крајот од XIX век, Чалакли било целосно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дедели, во која покрај селото Татарли се наоѓале селата Дедели, Казандол, Прстен, Собри и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Чалакли, во која влегувале селата Прстен, Собри, Татарли и Чалакли.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0297 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Татарли.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 337 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 329 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Џамии[15]
- Џамија — главна селска џамија
- Реки
- Прстенска Река — река низ селото
-
Прстенска Река кај селото
-
Селската џамија
Култура и спорт
уредиВо селото постои фудбалскиот клуб „Тиса“.
Галерија
уреди-
Автобуска постојка
-
Објект
-
Поглед во селото
-
Стадион
-
Улица низ селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 315.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ https://ep.sec.mk/election/results/electionType/local/electionYear/2021/electionRound/21/municipality/537/pollingStation/21245. Посетено на 17 април 2024. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 86. ISBN 978-608-65143-2-7.