Цера
Цера — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Цера | |
Поглед на Цера | |
Координати 42°03′43″N 22°30′25″E / 42.06194° СГШ; 22.50694° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Македонска Каменица |
Област | Осоговија |
Население | 185 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13043 |
Надм. вис. | 780-1.100 м |
Цера на општинската карта Атарот на Цера во рамките на општината | |
Цера на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиЦера се наоѓа во областа Осоговија, во западниот дел на Општина Македонска Каменица, од десната страна на Каменичка Река. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 780-1.100 м. Селскиот атар зафаќа површина од 27,9 км2.[2] Од Македонска Каменица е оддалечено 14,5 км.
Селото е традиционално поделено на Горна и Долна Цера. Маалата во селото се познатки како: Анќелковска Маала, Каралеоска, Маала, Станкова Маала, Ајдарска Маала, Стамболиска Маала, Бајрамска Маала, Вучковска Маала, Курбашовска Маала, Гребенска Маала, Средна Маала, Мутавџиска Маала, Градишка Маала, Доколенковци, Шопска Маала, Ѓерѓинци, Цветанска Маала и Средочка Маала.
Историја
уредиВо Првата балканска војна, 9 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[3] Во Втората балканска војна, крај селото се воделе борби меѓу бугарските и српските војски.
Во XIX век, Цера било село во Малешевската каза на Отоманско Царство.
Стопанство
уредиСелото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите праовладуваат на површина од 1.124 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 690 ха, а на пасишта отпаѓаат 532 ха.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Цера живееле 910 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цера имало 880 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[6]
Од Цера се иселил значителен дел од населението. Така, во 1961 година селото броело 942 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 523 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Цера живеат 379 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 185 жители, од кои 166 Македонци, 1 Албанец и 18 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 910 | 880 | 970 | 1.097 | 942 | 859 | 755 | 478 | 523 | 379 | 185 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
уредиВо селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има амбуланта, земјоделска задруга и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Оризари.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 617 и 618 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[15]
- Манастири
- Цркви
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ — манастирска црква.
- Реки
- Споменици
- Спомен-костурница на неколку илјади загинати српски војници во Битката кај Цера во Втората балканска војна.
Редовни настани
уреди- Бабина Баница — традиционална манифестација со натпревар во подготовка на баници под вршник;
- Ден на дијаспората — собир на иселеници со потекло од селото.
Личности
уреди- Родени во Цера
- Миленко Кокорски (1884 — 1924) — македонски револуционер и деец на ВМРО;[16]
- Мите Церски (? — 1924) - македонски револуционер, кочански војвода на ВМРО.
Галерија
уреди-
Горна Цера
-
Маалото Ѓерѓинци
-
Куќи во селото
-
Традиционална куќа
-
Есенсии пејзаж крај селото
-
Куќа во селото
-
Црна Река
-
Селските гробишта
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 311.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 886.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 703.
Надворешни врски
уреди„Цера“ на Ризницата ? |
- Еленец ја враќа надежта во подзаборавената Цера Архивирано на 8 февруари 2021 г.. ММС. 14 август 2018.