Мрежичко
Мрежичко — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Мрежичко | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°12′28″N 21°59′45″E / 41.20778° СГШ; 21.99583° ИГДКоординати: 41°12′28″N 21°59′45″E / 41.20778° СГШ; 21.99583° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 32[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11029 |
Надм. вис. | 500 м |
Слава | Митровден |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа југозападниот дел од Општина Кавадарци, меѓу сливните подрачја на Црна Река и Бошавица, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 34 километри.[2]
Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 57,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 4.251 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 314 хектари, а на пасиштата 127 хектари.[2]
ИсторијаУреди
Во XIX век, Мрежичко било село во нахијата Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Во самото село се наоѓаат погоните на фабриката за производство на вода Кожувчанка.
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мрежичко имало 431 жител, од кои 425 Македонци христијани и 6 Албанци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мрежичко имало 320 жители.[4]
Поради иселување на населението, Мрежичко преминало од средно во мало село. Така, селото во 1961 година имало 320 жители, од кои 304 биле Македонци, 8 Срби, 3 Хрвати и петмина жители муслимани, а во 1994 година 57 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Мрежичко имало 32 жители, од кои 31 Македонец и 1 останат.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 431 | 320 | 619 | 605 | 320 | 253 | 126 | 52 | 57 | 32 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Мрежичко, во која селото Мрежичко било единствено.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Мрежичко се наоѓале селата Бојанчиште, Клиново и Рожден.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачко место бр. 0711 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница и младински дом во селото.[8]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[11]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
- Црква „Пресвета Богородица“ — помала селска црква
- Археолошки наоѓалишта
- Васов Град — утврдена населба од доцноантичко време
- Природни реткости
- Васов Град — палеовулканска купа
Култура и спортУреди
Од 2016 година, селото претставува средишна точка на дводневниот фестивал на отворено Алшар - допри го сонцето, кој се одржува во текот на јуни.
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 202. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.