Рибарци (Тиквешко)

село во Општина Росоман

Рибарци — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Рибарци
Рибарци is located in Македонија
Рибарци
Местоположба на Рибарци во Македонија
Координати 41°30′35″N 21°57′41″E / 41.50972° СГШ; 21.96139° ИГД / 41.50972; 21.96139Координати: 41°30′35″N 21°57′41″E / 41.50972° СГШ; 21.96139° ИГД / 41.50972; 21.96139
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Росоман
Население 41 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 11037
Надм. вис. 378 м
Рибарци на општинската карта
Рибарци во Општина Росоман.svg

Атарот на Рибарци во рамките на општината

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 10 километри северозападно од Кавадарци и 3 километр источно од општинскиот центар Росоман.

ИсторијаУреди

Во XIX век селото е дел од Тиквешката каза во Отоманското Царство.

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рибарци живееле 165 жители, сите Македонци.[1]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рибарци имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]

Според пописот од 2002 година селото имало околу 41 жител, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 165[1] 136[2] 225 207 189 142 67 51 39 41

РодовиУреди

Според истражувањата од периодот 1914-1924 година, родови во селото

Македонски

  • Доселеници: Кочовци-Гоговци (3 к.) доселени се на почетокот од XIX век од старото село Демир-Попадија; Туневци (1 к.) доселени се во исто време кога и претходниот род од селото Градско; Иловци (1 к.) доселени се во 1840 година од селото Сопот; Грозановци (1 к.) доселени се во 1850 година од селото Паликура; Пауновци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Сопот; Ѓувалевци (1 к.) доселени се од селото Бизевиќ во 1875 година; Мановци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Рисјанска Курија; Митревци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Паликура.[5]

Самоуправа и политикаУреди

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 714 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 31 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитостиУреди

Верски градби
  • „Св. Ѓорѓи“ - камен темелник осветен и поставен на 1 декември 2015 година;[8]
Археолошки наоѓалишта[9]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Литургија и освет на камен темелник
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 158. ISBN 9989649286.

Надворешни врскиУреди