Татомир
Татомир — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Татомир | |
Поглед на селото | |
Координати 42°02′01″N 21°59′52″E / 42.03361° СГШ; 21.99778° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Кратово |
Население | 42 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1360 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 14025 |
Татомир на општинската карта Атарот на Татомир во рамките на општината | |
Татомир на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото првпат е забележано во турски документи од 1519 година. Се верува дека неговото потекло е од истоименото лично име.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на општините Куманово и Свети Николе.[3] Селото е ридско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 700 метри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2247.
Историја
уредиСелото првпат е документирано во 1519 година во историските извори.[2]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 13,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 516 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 453 хектари, а на шумите 331 хектар.[3]
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татомир живееле 175 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Татомир имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Татомир е населен со македонско население. Селото во 1961 година имало 391 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на 135 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Татомир живееле 84 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, од кои 35 Македонци и 7 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | 160 | 376 | 424 | 391 | 332 | 174 | 135 | 135 | 84 | 42 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Татомир било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото влегувало во тогашната Општина Шопско Рударе, во која се наоѓале селата Вакуф, Кетеново, Коњух, Секулица, Татомир, Топаловиќ и Шопско Рударе. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Секулица, во која влегувале селата Вакуф, Секулица и Татомир.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0919 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[15]
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Селиште — населба од доцноантичкото време; и
- Маркова Куќа — средновековна ќелија.
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Татомир
- Коне Божиновски (1914-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Стое Стојановски (1914-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Санде Трајковски (1919-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Галерија
уреди-
Поранешното основно училиште
-
Влезот во селото
-
Селските гробишта
-
Поранешното основно училиште
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 160.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 294. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 222
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-10-01. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 187. ISBN 9989-649-28-6.