Кондово
Кондово — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Сарај.
Кондово | |
Координати 42°0′42″N 21°18′48″E / 42.01167° СГШ; 21.31333° ИГД | |
Општина | Сарај |
Население | 3.626 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1064 |
Шифра на КО | 25074, 25574 |
Надм. вис. | 275 м. м |
Кондово на општинската карта Атарот на Кондово во рамките на општината | |
Кондово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиКондово се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, во близина на Скопје. Селото е северно од Вардар и Сарај.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[2] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 6 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 25 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 56 жители.[4]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 164 жители.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кондово живееле 85 жители, сите Албанци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[7]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Кондово, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.
На пописот во 1994 биле попишани 2.890 жители, а на пописот од 2002 година селото има 3.384 жители и претставува едно од најголемите албански села во околината на Скопје. Во селото тогаш живееле 15 Македонци, 3.222 Албанци, 23 Турци, 1 Србин, 81 Бошњак и 42 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.626 жители, од кои 18 Македонци, 3.353 Албанци, 9 Турци, 2 Срби, 66 Бошњаци, 1 останат и 177 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | — | 331 | 368 | 451 | 797 | 1.857 | 137 | 2.890 | 3.384 | 3.626 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиКондово е албанско-бошњачко село. Сите се доселеници.
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
Албански
- Албански родови: Љутвиовци (7 к.) и Асаноски (10 к.) тие се најстари родови во селото. доселени се од Љума во северна Албанија. Жителите од првиот род го знаат следното родословие: Реџеп (жив на 58 г. во 1963 година) Ќазим-Сулејман-Реџеп-Љутвија, основачот на родот кој се доселил; Врескало (6 к.) и Гаџалар (9 к.) доселени се од селото Грчец. Таму имаат роднини. Уште подалечно потекло имаат од Горна Река. Врескало потекнуваат од селото Кракорница. Го знаат следното родословие: Муарем (жив на 50 г. во 1963 година) Хајредин-Бафти-Бајрам-Хајдин, основачот на родот кој се доселил.
- Поалбанчени Помаци: Оџалари (4 к.) доселени се во 1878 година од околината на Пловдив во Бугарија. Основачот на родот дошол како оџа. Во каква било и да е расправија останатите албански родови на членовите од овој род им се обратуваат со Помаци.
Бошњачки
- Бошњачки родови: Паламари (2 к.), Скендеровиќи (2 к.), Дураковиќи (1 к.) и Лисина (1 к.) доселени се од околината на Беране во Црна Гора. Првите од селото Годочеља, вторите и третите од Трпеза, а четвртиот од Крушица; Хадровиќи (1 к.) и Реброња (1 к.) доселени се од околината на Бијело Поље во Црна Гора. Првите од селото Врха, а вторите од Црнча; Смаил (1 к.) доселени се од околината на Тутин во Србија.[14]
Личности
уреди- Адем Имери - поранешен член на ОНА[15]
- Агим Фазлиу (р. 1957) - пратеник во Македонското Собрание;[16]
Иселеништво
уредиОд старите македонски родови кои живееле некогаш во селото се знае за родот Миланчеи кои се иселиле во тетовското село Доброште.
Од албанскиот род Љутвиовци има иселеници во Турција (шест семејства). исто така иселен е и родот Кондовали во селото Глумово.[14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 14,0 14,1 . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Заврши доказната постапка против осомничените за убиство и за прекин на изборите во Кондово“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-02-19.
- ↑ „Список на пратеници“. Собрание на Македонија. Посетено на 2012-05-10.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Кондово, на Карти на Гугл