Златари
Златари — село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.
Златари | |
Куќи во северниот дел на селото | |
Координати 41°7′2.64″N 21°3′46.8″E / 41.1174000° СГШ; 21.063000° ИГД | |
Општина | Ресен |
Население | 72 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 23014 |
Златари на општинската карта Атарот на Златари во рамките на општината | |
Златари на Ризницата |
Географија и местоположба уреди
Златари — село во областа Преспа. Од градот Ресен е оддалечено 5 км. Соседни села се Кривени од север, од североисток со Смилево, од југоисток со Сопотско, и од југ и југозапад со Ресен и Јанковец.
Историја уреди
Во XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство. Во 1903 година, комити од Златари имаат загинато во борби против османлиската војска.
На 6 јули 1942 година, над Златари, на планината Бигла бил создаден партизанскиот одред „Даме Груев“. Жители на Златари кои учествувале во НОБ се Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко (1920-1943) и Наум Веслиевски - Овчарот. На 2 декември 1943 година, во Златари, баталјонот „Мирче Ацев“ одржал политички состанок.
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Златари живееле 370 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Златари имало 432 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Златари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 72 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 100 Турци.[5]
Селото имало 290 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 124 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 118 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370 | 432 | 385 | 347 | 290 | 210 | 156 | 125 | 124 | 118 | 72 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови уреди
Златари е македонско село.
Родови во селото се: Видановци (Стојановци), Гајтановци, Головодовци, Митевци, Недановци, Нечовци (Нелковци), Поповци, Пупалевци, Павловци и Тозиовци.[12]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Поповци (7 к.), Головодовци (5 к.) и Гајтановци (3 к.)
- Доселеници: Митевци со Тозиовци (14 к.) доселени се од некое село во Охридско (некои велат од Лактиње во Дебрца); Недановци (11 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Нечовци и Нелковци (18 к.) исто така доселени се од селото Боиште; Пупачевци и Манговци (12 к.) доселени се од маалото Баир во Битола.[13]
-
Стара куќа во северниот дел на селото
-
Куќа во северниот дел на селото
Општествени установи уреди
- ПОУ „Мите Богоевски“ - вонфункционално основно училиште
Самоуправа и политика уреди
Избирачко место уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости уреди
- Цркви[16]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Никола“;
- Црква „Св. Атанасиј“;
- Спомен обележја
- Спомен куќа на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“
- Спомен плоча на состанокот на баталјонот „Мирче Ацев“ во Златари
- Спомен чешма во чест на Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко
- Бисти на Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко и Наум Веслиевски - Овчарот
- Споменик посветен на паднатите месни комити во 1903 година
-
Спомен куќата на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“
-
Спомен плочата на куќата во која бил одржан состанокот на баталјонот „Мирче Ацев“
-
Спомен чешмата
-
Бистите
-
Илинденскиот споменик
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Слатина — населба од доцноантичко време;
- Далечна Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани уреди
Личности уреди
- Крсте Ангеловски — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Андрија Трајчев Гајтановски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Никола Нонев Доковски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Нанчо Минцев Котев — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Георги Митрев Недановски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Јован Трајчев Поповски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко (1920-1943) - учесник во НОБ
- Наум Веслиевски - Овчарот (1921-1972) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ и АСНОМ.
Култура и спорт уреди
Иселеништво уреди
До 1949 година од селото има иселеници во Јужна и Северна Америка (осум семејства), Бугарија (две семејства), Ресен (четири семејства), Скопје (едно семејство), Битола (едно семејство) и во Турција (едно семејство).[13]
Галерија уреди
-
Улица во северниот дел на Златари
-
Улица во северниот дел на Златари
-
Улица во северниот дел на Златари
-
Улица во средишниот дел на Златари
-
Улица во јужниот дел на Златари
-
Улица во јужниот дел на Златари
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne. Paris. стр. 170–171.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 19,0 19,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)