Владиевци

село во Општина Василево

Владиевци или Владевци[2], на месниот говор: Ладевци[3] — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Владиевци

Поглед кон Старо Владиевци

Владиевци во рамките на Македонија
Владиевци
Местоположба на Владиевци во Македонија
Владиевци на карта

Карта

Координати 41°31′15″N 22°35′29″E / 41.52083° СГШ; 22.59139° ИГД / 41.52083; 22.59139Координати: 41°31′15″N 22°35′29″E / 41.52083° СГШ; 22.59139° ИГД / 41.52083; 22.59139
Општина Општина Василево
Население 544 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27015, 27515
Надм. вис. 289 м
Слава Пресвета Богородица
Владиевци на општинската карта

Атарот на Владиевци во рамките на општината
Владиевци на Ризницата

Географија уреди

 
ОУ „Гоце Делчев“
 
Спортско игралиште
 
Црква „Успение на Пресвета Богородица“
 
Пошта

Владиевци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во западниот дел на Струмичка Котлина, чиј атар допира со територијата на Општина Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри. Низ селото поминува патот Струмица-Радовиш.

Надморската височина во селото е 289 метри додека селото зафаќа површина од 7,1 км2. Од нив 396,6 хектари се обработливо земјиште, 241,9 хектари се шуми и 9,6 се пасишта[4]

Селото се дели на Старо и Ново. Стариот дел е помал, и се наоѓа западно од новиот. Ново Владиевци е изградено околу автопатот А4 (или Р1403) и се наоѓа на околу 1 км источно од по локалниот пат крај Требичка Река.

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 245 жители Македонци[5][6].

Југославија уреди

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Владиевци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Турци.[7]

Во 1961 година селото имало 492 жители, од кои 460 Македонци и 25 Турци[8]. Во 1994 година во селото живееле 723 луѓе, од кои 718 Македонци и 5 Срби[4].

На пописот од 2002 година, селото имало 684 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]

Националност Вкупно
Македонци 679
Турци 3
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 2

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Владиевци има 544 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 485
Албанци 0
Турци 0
Роми 1
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
останати 57

Институции и знаменитости уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1797 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на амбуланта.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 595 гласачи.[11]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 202.
  3. Митева, Димка (1995). Лингвистички истражувања на Струмица. Скопје: Струм-Скоп. стр. 22.
  4. 4,0 4,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 46.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Според изворот, бројот на Македонци и Турци не е еднаков со вкупниот број на население
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди