Слоештица

село во Општина Демир Хисар

Слоештица — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Слоештица

Поранешниот задружен дом во селото

Слоештица во рамките на Македонија
Слоештица
Местоположба на Слоештица во Македонија
Слоештица на карта

Карта

Координати 41°15′59″N 21°04′36″E / 41.26639° СГШ; 21.07667° ИГД / 41.26639; 21.07667
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 141 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10031
Надм. вис. 770 м
Слоештица на општинската карта

Атарот на Слоештица во рамките на општината
Слоештица на Ризницата

Селото е познато по неколкумина истакнати дејци и легендата за коњаницата на Александар Македонски.

Географија и местоположба

уреди
 
Стара куќа во селото Слоештица

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Демир Хисар, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска височина од 770 метри.[2]

Атарот на селото зафаќа простор од 21,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.511 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 330 хектари, а на пасиштата 269 хектари.[2]

Историја

уреди

Во XIX век, Слоештица било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Легенда

уреди

Селото е познато по својата легенда за Александар Македонски. Имено во близина на селото, постои еден карпест рид на којшто сѐ уште постојат отисоци од копитата на коњаницата на Александар Македонски. Тие се траги видени кон месноста Бела Река каде што војниците на Александар Македонски сечеле лески за копјата на фалангата.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948878—    
1953841−4.2%
1961746−11.3%
1971621−16.8%
1981535−13.8%
ГодинаНас.±%
1991312−41.7%
1994299−4.2%
2002221−26.1%
2021141−36.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Слоештица имало 650 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слоештица имало 720 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[6]

Во текот на втората половина на XX век, од Слоештица се иселил значителен број од населението, така што, населбата преминала од средно, во мало село. Во 1961 година селото имало 746 жители, а во 1994 година 299 жители, македонско население.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 221 жител, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 141 жител, од кои 129 Македонци, 3 Албанци и 9 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 650 720 878 841 746 621 535 312 299 221 141
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Слоештица е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[14]

  • Староседелски и доселенички со непозната старина: Домазетовци (2 к.), Кајчовци (7 к.), Коруновци (2 к.), Кузевци (2 к.), Џајковци (4 к.), Јанкуловци (5 к.), Богевци (14 к.), Петревци (5 к.), Ѓорговци (3 к.), Ристевци (2 к.), Сивевци и Плевнешовци (21 к.), Деспотовци (2 к.), Петковци (5 к.), Митревци (8 к.), Мегленовци (8 к.), Цапарковци (13 к.), Ѓурковци (2 к.), Бојановци (1 к.) и Ночевци (6 к.)
  • Доселени со позната старина: Поповци (11 к.) доселени се од селото Бабино; Илијовци (1 к.) доселени се од селото Церово; Пољанковци (1 к.) доселени се од селото Суво Грло; Трајановци (7 к.) доселени се од мијачкото село Галичник; Шврговци (4 к.) доселени се од селото Базерник; Евендиовци (2 к.) доселени се од селото Сладуево; Тренчевци (2 к.) доселени се од селото Јанковец, Преспа. Го знаат следното родословие: Алексо (жив на 45 г. во 1952 година) Тале-Стојко-Тренче, кој се доселил во селото.

Општествени установи

уреди
 
Гробот на писателот Петре М. Андреевски во дворот на црквата „Св. Петка“ на влезот во селото

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во тогашната Општина Жван, во која покрај селото Слоештица, се наоѓале и селата Вирово, Жван, Мренога, Радово, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слоештица, Сопотница и Суво Грло.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 654 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 157 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната манастирска црква „Св. Никола“ на Топличкиот манастир
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Заврток — населба од доцноантичко време.
Цркви[19]
Манастири
Валавици

Над селото има валавници од кои постојано гргори водата која паѓа од високо. Под валавиците често доаѓаат излетници кои постојано наминуваат да се освежат во летниот период, други доаѓаат заради планината која изобилува со шумски плодови и најубавите видови печурки. Само таму може да се најде и најретката - тартуфот.

Редовни настани

уреди

Во селото функционира ликовна колонија на „Art Point - Gumno“ која е непрофитна организација сместена во селото. Нивните активности се фокусирани на уметностите, културата, грижа за животната средина и за локалниот економски развој на горнодемирхисарскиот регион.

Во селото Слоештица, секоја година, на 28 август, се одржува манифестацијата „Славење на пирејот“ во спомен на писателот Петре М. Андреевски.[20]

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди
  • годишна културна манифестација „Славење на пирејот“ во чест на Петре М. Андреевски[27]

Иселеништво

уреди

Постари иселеници до 1952 година од селото имало во Битола (6 семејства), Бугарија (2 семејства), Србија (9 семејства), Скопје (1 семејство) и во Романија (2 семејства).[14]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 202-203. Посетено на 3 декември 2016.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Мренога на мрежното место на Општина Демир Хисар“. Архивирано од изворникот на 2020-06-09. Посетено на 2016-12-03.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 декември 2016.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  15. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  21. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. 23,0 23,1 23,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. 24,0 24,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. 25,0 25,1 25,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  27. „„Славење на пирејот" во Слоештица“. Нова Македонија. 27 август 2012. Посетено на 26 јуни 2013.

Надворешни врски

уреди