Извор (Кумановско)
- За други значења на поимот Извор, видете на појаснителната страница
Извор — село во Општина Липково, Кумановско.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во сливното подрачје на Липковска Река, делумно заезерена со акумулацијата Глажња. Атарот е планински, со површина од 5,8 км2[1] Од источната страна на селото минува регионалниот пат Опае - Злокуќане (Р29272) кој води до граничниот премин за Косово.
ИсторијаУреди
Селото е спомнато се спомнува во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. како дар на деспотот Дејан за црвата во Архилевица. Во 1378-9 г. наследниците на Дејан, Јован и Константин Драгаш, ја дарувале црквата во Архилевица со сите нејзини имоти на манастирот Хиландар на Света Гора.[2]
На крајот од XIX век Извор било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Извор имал 160 Арнаути муслимани.[3]
СтопанствоУреди
Извор има скромно земјоделство. Од вкупната површина на атарот, 347 ха се шуми, 163 ха се обработливо земјиште, а само 57 ха отпаѓа на пасишта[1]
ДемографијаУреди
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | — | 304 | 296 | 354 | 293 | 86 | — | 30 | 4 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Во 1950-тите и 1960-тите, Извор бил населен претежно од Турци, Албанците биле малцинство (17,9 % во 1953, а 12,4 % во 1961 г). Ова се сменило во текот на наредната деценија, која Турците целосно се иселиле, а на нивно место се доселиле голем број Албанци. Сепак, во 1970-тите населението (сега целосно албанско) доживеало голем пад, кој продолжил сè до денес. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4 жители.
Следува табела на националната структура на населението[7]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 4 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Општествени установиУреди
- Изворска џамија
- Подрачно основно училиште на ОУ „Фаик Коница“ - Слупчане
ЛичностиУреди
- Сејфедин Сулејмани (1938-2008) — писател и политичар
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 135. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1996, с. 57
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X