Царевиќ
Царевиќ — село во Општина Прилеп, во областа Раец, во околината на градот Прилеп.
Царевиќ | |
Координати 41°21′23″N 21°46′44″E / 41.35639° СГШ; 21.77889° ИГД | |
Регион | Раец |
Општина | Прилеп |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20107 |
Царевиќ на општинската карта Атарот на Царевиќ во рамките на општината | |
Царевиќ на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиВо XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиПотекло на името
уредиСпоред Марко Цепенков, името на селото е добиено според некој цар кој шетал и поминал покрај ова село. Сите селани излегле со најголеми причести го пречекале, а една стара жена замесила зелник и царот тука ручал. Оттогаш селото го нарекле Царевиќ.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Царевиќ живееле 470 жители, од кои 460 Македонци и 10 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Царевиќ имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Царевник се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото имало 10 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 470 | 320 | 254 | 251 | 166 | 77 | 32 | 17 | 12 | 10 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиЦаревиќ е македонско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
- Староседелци: Станковци (5 к.), Бекчевци (4 к.), Гусовци (6 к.), Димовци (2 к.), Калажеговци (1 к.) и Мицковци (1 к.)
- Доселеници: Соколовци (8 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од некое прилепско село; Бошковци (5 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од селото Раец; Илевци (1 к.) доселени во 1860 година од селото Радобил; Бачковци со Данчевци (2 к.) доселени се во 1870 година од селото Смолани; Пешиќовци со Дујевци (2 к.) доселени се во 1880 година од селото Радобил; Котевски (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Марул.[11]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1430 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Дрен.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ од 1899 г.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |