Мерово
Мерово — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 901 жител.
Мерово | |
Координати 41°56′13″N 21°10′30″E / 41.93694°N 21.17500°E | |
Општина | Желино |
Население | 544 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28045 |
Надм. вис. | 747 м |
Мерово на општинската карта Атарот на Мерово во рамките на општината | |
Мерово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора.
Историја
уредиСпоред податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 165 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 70 куќи со 376 жители Албанци.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По Балканските војни е забележано со 315 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 901 жител, од кои 1 Македонец, 882 Албанци и 18 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 544 жители, од кои 515 Албанци и 29 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | — | 495 | 528 | 578 | 718 | 800 | 0 | 918 | 901 | 544 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиМерово е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
- Доселеници: Џафе (9 к.) по потекло од северна Албанија. Овде живеат од првата половина на XIX век; Лике (7 к.) и они се доселени од северна Албанија; Маршин (10 к.) и Бочан (6 к.) потекнуваат од ист предок. Доселени се од северна Албанија после првите два рода. Имаат роднини во селото Копаница (Маршеје); Калие (10 к.) потекнуваат од фисот Бериша во Љума во северна Албанија. Овде се доселени од средината на XIX век. Имаат роднини во Чајлане (Ибишалар, Маналар и Исафлар); Доче (14 к.) познати и како Ќосе. Доселени се од северна Албанија. Овде се населиле преку Полог; Караџе (10 к.) доселени се од местото Биче во Љума, северна Албанија. Од старото место некои од нивниот род се населиле во Бојане (Карач или Лески) и во Буковиќ.[12]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2102 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 893 гласачи.[14]
Личности
уреди- Риза Идризи (р. 11 август 1928) - учесник во НОАВМ во 1944 и член на КПМ од 1946 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1949). Скопски Дервен. САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Мерово на Карти на Гугл