Четирце
Четирце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположбаУреди
Се наоѓа на 5 км од српско-македонската граница , на надморска височина од 360 метри. Околни села се Табановце, Горно Коњаре, Сушево.
ИсторијаУреди
Според една легенда името настанало уште од старо време кога на тоа место се наоѓале само четири куќи.
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Населението се занимава со земјоделство. Доста значаен придонес донесува ретко добриот градежен камен со висок квалитет.
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Четирце живееле 420 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Четирце имало 500 жители Македонци од кои 276 патријаршисти и 224 под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото работеле српско и бугарско училиште.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 249 жители, од кои 215 Срби и 34 Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 31 Македонец, 94 Срби, 2 останати и 38 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 500 | 945 | 990 | 974 | 791 | 608 | 358 | 258 | 249 | 165 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
РодовиУреди
Четирце е православно мешано село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Во маалото село се родовите: Ивковци (7 к.), Рушкини (3 к.), Калчини (3 к.) и Сматрини (3 к.) они потекнуваат од првите четири домаќинства кои го основале селото, тоа било околу 1810 година. Они претходно живееле на местото Старо Село, кое лежело на границата помеѓу селата Четирце и Карабичане; Давидовци (15 к.) доселени се од Давидовац кај Врање; Стојчинци (6 к.) доселени се однекаде.
- Во посебни маала се родовите: Љубановци (20 к.), Амалинци (8 к.) и Величковци (3 к.) гранка се од родот Давидовци; Тасинци (20 к.) потекнуваат од првобитните четири домаќинства кои го основале селото. Во овој род имало некој домазет Ром; Стојчинци (7 к.) гранка се од истоимениот род во маалото Село; Скачкулинци (13 к.) доселени се од селото Скачковце; Коњаровци (3 к.) доселени се од Коњари во Скопско; Делинци (8 к.) доселени се од селото Карабичане; Матејчанци (11 к.) доселени се од селото Матејче.[10]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Родот Шоповци се иселил во селото Миладиновци кај Скопје. Јаневи (1 к.), Лубе (1 к.) и Славко (1 к.) се иселиле во селото Долно Коњаре. По Втората светска војна населението почнало масовно да се иселува по градовите во желба да успеат во животот.[10]
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 217.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.