Чифлик (Општина Сопиште)

село во Општина Сопиште

Чифлик — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.

Чифлик
Чифлик во рамките на Македонија
Чифлик
Местоположба на Чифлик во Македонија
Чифлик на карта

Карта

Координати 41°56′53″N 21°21′3″E / 41.94806° СГШ; 21.35083° ИГД / 41.94806; 21.35083
Општина  Сопиште
Население 726 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25029
Надм. вис. 616 м
Чифлик на општинската карта

Атарот на Чифлик во рамките на општината
Чифлик на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Каршијак на јужното подножје на планината Водно.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948317—    
1953353+11.4%
1961363+2.8%
1971339−6.6%
1981444+31.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994536—    
2002636+18.7%
2021726+14.2%

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 636 жители, од кои 634 Албанци и 2 Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 726 жители, од кои 9 Македонци, 707 Албанци и 10 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 317 353 363 339 444 0 536 636 726
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

уреди

Чифлик е албанско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото

  • Доселеници: Фазлиалар (10 к.) и Мизиралар (15 к.) имаат исто потекло. Доселени се од Долен Дебар во Албанија (околината на Пешкопеја). Овде живеат од крајот на XVIII век. Во првиот род се знае следното родословие: Осман (жив на 55 г. во 1950 година) Реџеп-Муро-Осман-Јусуф-Фазлија, кој се доселил; Рекалар (12 к.) доселени се во исто време со претходните два рода од селото Рибница во Горна Река. Таму се доселиле од Албанија, непознато кога; Кољча (9 к.) за нив мислат дека биле поалбанчени Македонци. Овде мешајќи се со албанците се поалбанчиле. Иако они тврдат дека се доселени од некое место Колтрак во Албанија.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски

уреди