Нова Брезница
Нова Брезница — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположбаУреди
Селото е дел од областа Торбешија. На север е Сува Гора, а на југ Караџица.
ИсторијаУреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 23 семејства и 1 вдовица, сите христијани.[2]
Според податоците од 1878 година, во селото имало 16 домаќинства во 62 жители христијани (Македонци)[3]
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брезница живееле 540 жители, од кои 360 Македонци и 180 Албанци.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брезница имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 85 жители, од кои 83 Македонци, 1 Србин и 1 друг.[6]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[7]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 540[4] | 256[5] | 938 | 1.025 | 1.125 | 908 | 276 | 92 | 80 | 85 |
РодовиУреди
Нова Брезница (порано Пуста Брезница) — македонско село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
- Доселеници: Синадиновци (18 к.) први доселеници. Една нивна гранка се вика Енѓеловци. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Здуње во Порече. Таму имаат истоимени роднини; Бошковци (3 к.) гранка се од родот Синадиновци, со кои биле еден род порано; Трпевци (16 к.) доселени се на почетокот на XIX век од селото Томино Село во Порече. Подалечно потекло имаат од сега раселениот град Закамен во Малесија. Го знаат следното родословие: Китан (жив на 60 г. во 1950 година) Коце-Петре-Станко-Трпе, кој се доселил; Ѓоревци (7 к.), Миленковци (11 к.) и Ѓоргијовци (10 к.) доселени се од Манастирец во Порече (денес Горни и Долни). Во родот Ѓоревци се знае следното родословие: Цветан (жив на 57 г. во 1950 година) Ѓоргија-Анѓеле-Ѓоре, кој се доселил. Во родот Миленковци се знае следното родословие: Миладин (жив на 54 г. во 1950 година) Билбил-Трајко-Миленко, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) се делат на Тасевци и Велевци. Доселени се од селото Здуње во Порече; Крстевци (4 к.) доселени се од селото Брест во Порече. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 58 г. во 1950 година) Мате-Саве-Крсте, кој се доселил; Стевановци (8 к.) доселени се од селото Ковач во Порече. Го знаат следното родословие: Стојко (жив на 40 г. во 1950 година) Стојан-Ристо-Стеван, кој се доселил; Здравевци (8 к.) доселени се од Бабуна во Велешко; Стојчевци (5 к.) доселени се од Брезница во Порече; Стаменковци (2 к.) доселени се од Белица во Порече; Василевци (5 к.) и Плавичовци (7 к.) доселени се од раселеното село Букурци во клисурата на реката Треска. Во првиот род се знае следното родословие: Дукадин (жив на 44 г. во 1950 година) Иван-Јован, кој се доселил во селото.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[9]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква. Обновена во 1990 година;[10]
- Црква „Св. Талалеј“;
- Археолошки наоѓалишта
- Фоја — некропола од доцниот среден век;
- Пештери
- Ледена - пештера на н.в.од 990 м;
- Блажева пештера;
ЛичностиУреди
Личности родени во Нова Брезница:
- Блаже Стојановски (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Апостол Димевски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Дуке Атанасовски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Блажо Милевски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Цветко Бошковски (1928-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.496
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
- ↑ 4,0 4,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ 5,0 5,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Камбана од Ватикан ќе бие во Нова Брезница“. Вечер. Посетено на 2013-01-06.[мртва врска]
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Нова Брезница на Карти на Гугл