Злокуќани (Битолско)

село во Општина Битола
За други значења видете Злокуќани (појаснување)

Злокуќани — раселено село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено во пазувите на Баба Планина, со највисокиот врв Пелистер.

Злокуќани
Злокуќани во рамките на Македонија
Злокуќани
Местоположба на Злокуќани во Македонија
Злокуќани на карта

Карта

Координати 40°58′0″N 21°19′0″E / 40.96667° СГШ; 21.31667° ИГД / 40.96667; 21.31667
Општина Битола
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02053
Надм. вис. 1081 м
Злокуќани на општинската карта

Атарот на Злокуќани во рамките на општината
Злокуќани на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа под пазувите на Баба планина, југозападно од Битола.

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948173—    
1953156−9.8%
196123−85.3%
197165+182.6%
198159−9.2%
ГодинаНас.±%
199138−35.6%
199420−47.4%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злокуќани живееле 500 жители, сите Албанци.[3]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во селото имало 394 жители, кои тој ги запишува како Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]

Селото броело 23 жители во 1961 година, додека во 1994 година има само 20-тина жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Злокуќани немало жители.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото исто така немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 394 173 156 23 65 59 38 20 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Злокуќани било албанско село.

Родови во селото биле: Љаме (3 куќи), Цаме (7 куќи), Кече (5 куќи), Пале (3 куќи) и Астафе (1 куќа) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија (областа Мат). Во родот Љаме се знае следното родословие: Рамадан (жив на 50 г. во 1950-тите) Шабан-Камбер-Селман-Алија-Ислам, предокот кој се доселил. Во родот Цаме се знае следното родословие: Елмаз (жив на 56 г. во 1950-тите) Фазли-Сали-Адем-Фазли-Цаме, предокот кој се доселил.[11]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 157 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[14]
  • Сртот — населба од железно време;

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Голем број на населението од Злокуќани се има иселено во Битола (во населбата Кленовец) и во Турција (во разни села и градови).[11]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  4. Гаджанов, Димитър. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието, София 1993, стр. 266.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски уреди