Лесково
Лесково — напуштено село во Општина Демир Хисар,[3] во областа Железник. Денес во него има остатоци од неколку куќи, црква и селска чешма.[4]
Лесково | |
Координати 41°13′19″N 21°07′14″E / 41.22194° СГШ; 21.12056° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 10019 |
Надм. вис. | 1.000 м |
Слава | Илинден[2] |
Лесково на општинската карта Атарот на Лесково во рамките на општината | |
Лесково на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиОва е типично планинско и село, сместено на тешко пристапна положба на ридот Илиница. Атарот му зафаќа површина од 8,4 км2 и лежи на надморска височина од 1.000 м.[5]
Историја
уредиВо XIX век Лесково било наполно македонско село во Демирхисарската нахија на Битолската каза. Црквата „Св. Илија“ е од XIX век.[6]
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Лесково (Лѣсково) имало 260 жители, сите Македонци христијани.[8][9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лесково се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[10]
Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лесково живееле 280 Македонци под егзархијата.[8]
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. четворица лесковчани се земени во Македонско-одринските чети.[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[12]
Во 1953 г. селото броело 320 жители, за во 1971 г. да се намали на само 67.[4] Напуштено е некаде по 1981 г., кога, според пописот од таа година, имало само еден жител.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 280 | 322 | 320 | 215 | 67 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
уредиЛесково е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
- Староседелци: Ѓорговци (4 к.); Огненовци со Грујовци (5 к.); Димовци (6 к.); Станковци (1 к.); Џмурковци со Савевци и Новевци (4 к.); Младеновци (1 к.); Кузмановци со Стевановци и Јоновци (12 к.); Нечовци со Мирчевци и Мицковци (7 к.)
- Доселеници: Терзијовци (3 к.) потекнуваат од домазет. доселени се однекаде; Зенговци (8 к.) доселени се од селото Прострање кај Кичево. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 65 г. во 1952 година) Крсте-Стојче-Петко, кој се доселил во селото.[18]
Културни знаменитости
уреди- Црква „Св. Илија“ — селска црква од XIX век, обновена во 1980 г.[4]
- селска чешма, обновена во 1991 г.
- Споменик на паднатите борци од НОБ[4]
Археолошки наоѓалишта
уредиОколу селото можат да се сретнат следниве археолошки наоѓалишта кои сведочат за неговото средновековно минато:
- Илиница — остатоци од старата средновековна црква посветена на св. Илија, 1,5 км источно од селото
- Ѓурѓа — остатоци од средновековна црква посветена на св. Ѓорѓи, 1 км западно од селото
- Манастириште — грамадни остатоци од средновековна црква, 1,5 км јужно од селото
Личности
уреди- Александар Андоновски (р. 1 март 1939) — математичар, универзитетски професор
- Диле Ѓоргиов Андоновски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Ристе Кузманов Илиовски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
Иселеништво
уредиДо 1952 година иселеници од селото имало во Романија (1 семејство), Битола (2 семејства) и во Крушево (1 семејство).[18]
Посилен бран на иселување има после 1960 година кон Демир Хисар, Битола и др. Селото се смета како напуштено уште од 1981 година, кога последен пат е забележан 1 жител.
Занимливости
уредиМакедонскиот писател Горјан Петревски, дејствието на романот „Вечниот ветар“ го сместува во Лесково, во шеесеттите години на минатиот век.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ „Демографија“. Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-04-07. Посетено на 19 јануари 2016.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Лесково“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-18. Посетено на 18 август 2018.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 176. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Николовски, Дарко. „Иконите од црквата Св. Троица од селото Мождивњак, Крива Паланка“ (PDF). Патримониум.mk. 7 (12): 195.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ 8,0 8,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 240. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.859.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Табела: Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. Посетено на 19 јануари 2016.[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 18,0 18,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)