Кременица

село во Општина Битола

Кременица во минатото Кенали — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Кременица
Кременица во рамките на Македонија
Кременица
Местоположба на Кременица во Македонија
Кременица на карта

Карта

Координати 40°55′25″N 21°27′30″E / 40.92361° СГШ; 21.45833° ИГД / 40.92361; 21.45833
Регион Битолско Поле
Општина Битола
Население 100 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02064
Надм. вис. 592 м
Кременица на општинската карта

Атарот на Кременица во рамките на општината
Кременица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во јужниот дел на Битолското Поле, на самата граница со Грција, оддалечено 18 километри јужно од Битола и 22 километри северно од Лерин.

Историја

уреди

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.726—    
19532.077+20.3%
1961508−75.5%
1971315−38.0%
1981306−2.9%
ГодинаНас.±%
1991156−49.0%
1994157+0.6%
2002134−14.6%
2021100−25.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кременица живееле 1 445 жители, од кои 2.200 жители, сите Турци.[3]

Според Димитар Гаџанов во 1916 во Кенали живееле 2.400, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.550 Турци и 100 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Кременица се забележани 134 постојани жители, од кои 112 Македонци, 20 Турци, 1 Србин и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 100 жители, од кои 78 Македонци, 3 Албанци, 9 Турци, 2 Роми, 4 Срби и 4 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 2.200 1.726 2.077 508 315 306 156 157 134 100
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Кременица денес е доминантно македонско православно село, а во минатото до педесеттите години на XX век во селото живеело исклучиво турско население.

Родови во Кременица се: Муса Оџа (60 куќи), Мачелар (50 куќи), Каратлар (60 куќи), Аџи Уларе (50 куќи), Тоскалар (50 куќи), Дели Мусалар (30 куќи), Раманлар (30 куќи), Амедалар (40 куќи) и Калафлар (30 куќи). Сите овие родови доселени се од Мала Азија, од селото Кенали, во XVIII век. Родот Тоскалар од Мала Азија најпрво се населил во јужна Албанија, каде некој нивен предок бил управник, а потоа дошле во селото. И по тоа го носат името Тоскалар.[12]

Општествени установи

уреди
 
Железничката станица Кременица за време на Првата светска војна

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 139 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Од 1924 до 1930 година од селото 100 семејства се иселиле во Турција. Сепак најсилен бран на иселување на турското население имало во 50тите на минатиот век.[12]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2016.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. 17,0 17,1 17,2 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678

Надворешни врски

уреди