Бутел (населба)

две населби во Скопје
За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.

Бутел — заедничко име за две населби во северно Скопје. Двете населби се Бутел I и Бутел II.

По скопскиот земјотрес: новоизградени монтажни објекти во населба Бутел, 1964 г.
Бутел и околните населби (на список) во рамките на Општина Бутел.

ИсторијаУреди

На крајот на XIX век Бутел било мало село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Бутелъ живееле 84 Македонци христијани.[1][2]

На почетокот на XX век целото христијанско население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. Бутел имал 128 жители, сите Македонци[1].[3]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележлил Бутел како македонско село.[1][4]

Населението нагло пораснало по земјотресот од 1963 г., кога е подигната урбана населба за сместување на обездомените.

Според пописот од 2002 г. Бутел има 14.005 жители,[5] и тоа во следниов етнички состав:

Како најстари фамилии во Бутел (I и II) се паметат. Барџови (најстари во Бутел), Видински (доселени од Кучевиште), Давчеви (доселени од Кожле), Гижарови и Џамбови (доселени од Бродец), Шаторови (доселени од Булачани). Потоа муслимани. Мемедовци (доселени од Елово), Маљовци (доселени од Долно Количани), Алибегови, Идризбегови, Зеќировци и Муртезовци (многу стари во Бутел), Ајвазовци (доселени од Чифлик), Шаќировци (доселени од тетовско), Мустафовци или Бреждани (доселени од Брест), и уште некои други.

Националност Вкупно
Македонци 7.616
Албанци 4.846
Турци 450
Роми 104
Власи 27
Срби 377
Бошњаци 406
други 179

Население низ историјатаУреди

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 84 128 243 278 492 6.809
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]


Верски објектиУреди

ЛичностиУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
  3. Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  5. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2017-12-18.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Започна изградбата на црква за Бутелчани“. Дневник. 5 ноември 2012. Посетено на 2012-11-05.[мртва врска]