Брвеница
Брвеница — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Претставува едно од најразвиените села во Тетовско. Селото претставува административно седиште на истоимената општина.
Брвеница | |
Координати 41°58′2″N 20°58′50″E / 41.96722° СГШ; 20.98056° ИГД | |
Регион | Долни Полог |
Општина | Брвеница |
Население | 3.102 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1216 |
Шифра на КО | 28005, 28505 |
Надм. вис. | 436 м |
Брвеница на општинската карта Атарот на Брвеница во рамките на општината | |
Брвеница на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСе наоѓа во Долни Полог на околу 4 км јужно од Тетово на надморска височина од 440 м, на левата страна од реката Темишница (лева притока на реката Вардар). Низ атарот на селото Брвеница поминува и најголемата река во Република Македонија - Вардар. Селото се наоѓа близу до планината Сува Гора и има одличен поглед кон Шар Планина. Заедно со селото Долно Седларце претставува една голема современа населба.
Стопанство
уредиНа територијата на Брвеница постојат неколку стопански субјекти во кои се вработени повеќето од жителите на селото. Позначајни стопански субјекти се Земјоделскиот комбинат "Вардар" и мелницата за преработка на сточна храна "Агро Слога". Бидејќи селото се наоѓа во Полошката Котлина, една од најплодните рамници во Република Македонија, населението од селото се занимава со полјоделство, овоштарство и интензивно сточарство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брвеница живееле 105 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брвеница имало 962 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
По Балканските војни е забележано со 90 жители.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Брвеница — село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 20 куќи со 119 жители, Македонци и Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.918 жители, од кои 2.834 Македонци, 68 Срби и 15 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.102 жители, од кои 2.973 Македонци, 1 Албанец, 1 Ром, 37 Срби, 1 Бошњак, 21 останат и 68 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 105 | 962 | 449 | 511 | 793 | 1.352 | 2.257 | 2.681 | 2.700 | 2.918 | 3.102 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Добар дел од населението на Брвеница се наоѓа на привремена работа во странство: Германија, Италија, Англија, САД, Канада, Австралија.
Родови
уредиБрвеница е македонско-српско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Македонски: Ѓушевци (3 к.), Анчевци (1 к.) и Шише (1 к.) староседелци; Цветковци (1 к.) доселени се однекаде во турско време; Пауновци (5 к.) доселени се од денес албанското село Лисец, најпрво во Тетово, па во Брвеница; Бонковци (4 к.) доселени се од селото Милетино, уште подалечно потекло имаат од Порече; Руфатовци (5 к.) доселени се исто така од селото Милетино, они се полошки староседелци; Лучковци (3 к.) се сметаат за стари доселеници, доселени се од селото Рогачево, во Рогачево биле староседелци; Рибаровци (2 к.) доселени се од денес албанското село Синичане; Павлевци (3 к.) и Стаматовци (2 к.) доселени се од денес албанското село Жеровјане, во првиот род се знае следното родословие: Веселин (жив на 20 г. во 1940-тите) Михаил-Павле, кој се доселил; Николовци (1 к.) доселени се во турско време однекаде; Тасевци (1 к.) доселени се од Долна Лешница, подалечно потекло од Порече (од Сушица или Брезница); Поречани или Аризановци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Рамне, Порече; Атанасковци (1 к.) доселени се од селото Туденце, таму биле староседелци; Марковци (1 к.) доселени се од селото Никифорово; Николовци (1 к.) потекнуваат од предок домазет доселен од некое полошко село во 1920 година; Симо Богојески (1 к.) доселен од Тетово во 1924 година, подалечно потекло од северна Албанија (Љума); Ристовци (1 к.) доселени се од Саракино, таму се доселени од селото Брест, Порече средината на XIX век; Лазо Петрески (1 к.) доселен 1928 година од селото Беловиште, таму припаѓал на родот Пејчиновци; Филиповци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Звечан, Порече; Пројко Стојкоски (1 к.) доселен во 1928 година од селото Манастирец, Порече; Неделковци (2 к.) доселени се од Тетово, а таму се доселени од селото Драјчиќи кај Средска (Косово); Митре Јовчески (1 к.) дојден како домазет од Блаце (влегол во родот Анчевци); Савевци (1 к.) и Војновци (1 к.) доселени се од селото Непроштено; Тодоровци (1 к.) доселени се од селото Жилче; Симоновци (1 к.) доселени се од селото Долно Палчиште; Кузмановци (2 к.) доселени се од селото Волковија; Серафимовци (1 к.) доселени се од селото Беловиште; Грујевци (1 к.) и Златевци (1 к.) доселени се од селото Радиовце; Спировци (1 к.) доселени се од селото Стенче; Несторовци (1 к.) доселени се од селото Беловиште; Сиљановци (1 к.) доселени се од селото Галичник; Трајковци (1 к.) и Писевци (1 к.) доселени се од селото Лазарополе; Андоновци (1 к.) доселени се од селото Горно Мелничани; Лауревци (2 к.), Анѓелевци (5 к.) и Дупљевци (1 к.) доселени се од селтоо Луковица. Првите два рода подалечно потекло имаат од Прилепско, а третиот од областа Матија во Албанија.
- Српски: Анѓелковиќи (1 к.) доселени се од Лапово; Глишиќи (3 к.) доселени се од Прокупље; Јаниќи (1 к.) доселени се од селото Коњица кај Мостар (БиХ); Стефановиќи (1 к.) и Стојановиќи (1 к.) доселени се од селото Божурна кај Прокупље; Миленковиќи (1 к.). Помеѓу 1928 и 1931 година во селото се доселиле 38 семејства од Србија, Црна Гора, Херцеговина и Лика.[13]
Општествени установи
уреди- Цркви
- „Св. Атанасиј“ Започната во 1918- изградена во 1922 година, а осветена во 1922 година. Подигната е врз темели на црква од 1628 г.[14]
- „Св. Архангел Михаил“
Во селото има осумгодишно основно училиште “Кочо Рацин“, парк во центарот на селото каде се наоѓа споменикот на паднатите борци за време на НОВ. Во селото има стандардно фудбалско игралиште на кое се одржуваат фудбалски средби. Постои амбуланта со постојано вработен лекар и медицински сестри. Во селото постојат повеќе авто-сервиси, дискотеки, кафе-барови, интернет кафеа, продавници. Селото Брвеница има изработено и урбанистички план со што Брвеница е едно од најурбанизираните села во Република Македонија.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2033, 2034 и 2035 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.539 гласачи.[16]
Редовни настани
уредиВо Брвеница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:
- Одбележување на Божиќ (6 јануари)
- Водици (19 јануари)
- Празникот св. Атанасиј (31 јануари) посветен на црквата св. Атанасиј во Брвеница
- Прославување на празникот Илинден (втори август)
Култура и спорт
уредиПоследниве години поради немањето финансиски средства, згасна познатиот ФК Вардар од Брвеница.
Селски маала и други топоними
уредиВо селото Брвеница и неговата околина се употребуваат следниве топоними: Дубрава · Бара · Бел мост · Бент · Брегови · Гробишта · Игралиште · Јурија · Корија · Коњобара · Ладнача · Пржоа бавча · Седралечки мост · Седралечки пат · Фонтана · Стадион · Центар · Црквино · Шаторица · Школско • Вочњак
Галерија
уреди-
Црква „Св. Атанасиј“
-
ОУ „Кочо Рацин“
-
Црквата
-
Главна улица во Брвеница
-
Парк во Брвеница
-
Амбулантата во Брвеница
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 212.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 122-123.
- ↑ Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Архиерејска Божествена Литургија во чест на свети Атанасиј Александриски во с. Брвеница“. МПЦ - ОА. 5 февруари 2007. Посетено на 2010-04-29.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Надворешни врски
уреди„Брвеница“ на Ризницата ? |
- Неофицијален портал на селото Брвеница
- Сателитска снимка на Брвеница на Карти на Гугл