Долни Липовиќ

село во Општина Конче

Долни Липовиќ — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.

Долни Липовиќ

Панорамски поглед на селото Долни Липовиќ

Долни Липовиќ во рамките на Македонија
Долни Липовиќ
Местоположба на Долни Липовиќ во Македонија
Долни Липовиќ на карта

Карта

Координати 41°30′15″N 22°27′24″E / 41.50417° СГШ; 22.45667° ИГД / 41.50417; 22.45667
Регион  Југоисточен
Општина  Конче
Население 362 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22012
Надм. вис. 563 м
Долни Липовиќ на општинската карта

Атарот на Долни Липовиќ во рамките на општината
Долни Липовиќ на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 423 жители[2], со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во ридско-рамничарски предел и е сместено во источниот дел на Општина Конче, во изворишното сливно подрачје на Крива Лакавица[4]. Долни Липовиќ е ридско село расположено на надморска височина од 310 метри[4]. Всушност куќите на селото се расположени на допирот на ридското земјиште од падината на Смрдеш која се издигнува на исток и рамничарското низинско земјиште кое се простира кон запад. Од градот Радовиш селото е оддалечено 16,8 км[4], а во близина на селото е Горни Липовиќ. Атарот кој се допира до територијата на Општина Струмица е голем и зафаќа простор од 21,4 км2, на кои преволадуваат шумите на површина од 1.511 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 524,7 ха, а на пасиштата 72,6 ха[4].

Историја

уреди

Подрачјето на Долни Липовиќ е населено уште од неолитско време, за што сведочат остатоците од населба од тој период во наоѓалиштето Црквиште - Иленица, на 400-500 м југозападно од селото.[5]

Во турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година, кои се однесуваат на засебната Нахија Конче во состав на Ќустендилскиот санџак, се запишани две села со имињата Липовик кое било дервен-џиско и Стар Липовик кое било тимар на некојси Јусуф[6]. За селото Липовик е запишано дека тоа билодервен на патот што води од Струмица за Солун при што секој човек имал обврска да дава давачка-испенџе по 10 акчиња, жените по еден денк (половина товар) пченица и еден денк јачмен, а од сите вонредни давачки и обичајни оптоварувања како давање веслари, јаничари итн. биле ослободени во замена за што требало да чуваат и да обезбедуваат да не дојде до шетета на ничиј имот и живот[6], односно да ја вршат дервенџиската должност за обезбедување на сигурноста на патниците по патот. И двете села биле населени со чисто христијанско македонско население, при што Липовик имало 50 христијански македонски семејства кои произведувале пченица и мешано жито по 25 товари, вино, чувале свињи и имало една воденица на некојси Петко Стојко за што се остварувало приход од 2780 акчиња, додека во селото Стар Липовиќ живееле 16 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 17 товари, мешано жито до 19 товари, уров, леќа, сено, градинарски култури, праз, чувале свињи и пчели во улишта и кошници и правеле вино за што се остварувало севкупен приход од 1884 акчиња[6].

На основа на овие записи кои секако се однесуваат на селата Долни и Горни Липовиќ е тешко да се одреди и претпостави на кое точно се однесуваат соосветните Липовик и Стар Липовик. Врз основа на местоположбата како дервен - теснина, клисура или превој низ кој минува пат, може да се претпостави дека дервенџиското Липовик се однесува на Горни Липовиќ низ кој и денес постои (шумски) пат кој преку месноста Скрки во која некогаш имало куќи[7], води кон Струмица. Месноста Скрки во која и денес повторно се градат (викенд) куќи е на границата, но повеќе припаѓа под Струмичко, а според предание жителите сметаат дека некогаш во дамнина селото Горни Липовиќ се наоѓало на тоа место[7]. На основа на ова предание меѓу мештаните и записите од средновековните турски дефтери може да се претпостави дека дервенџиското село Липовик се однесува на Горни Липовиќ. Но, доколку се увиди фактот дека селото Стар Липовиќ е запишано како помалубројно по бројот на семејства, може да се претпостави дека тоа се наоѓало погоре во планината, како што е впрочем чест случај постарите села и населби да се наоѓаат на повисоко ридско-планинско земјиште од каде слегувале жители и ги основале новите долни села[8], при што во тој случај тоа одговара на Горни Липовиќ. Но фактот што е запишано дека селото Стар Липовиќ произведува повеќе градинарски култури за кои одговара низинско земјиште со многу вода од река, укажува дека според тоа неговата местоположба одговара на Долни Липовиќ, која пак исто така е многу погодна и поповолна за пат по долот на Стругарница и превојот во долот на Бела Река над струмичкото село Рич.

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Потекло и значење на името

уреди

Се верува дека името на селото, заедно со блиското село Горни Липовиќ, потекнува од мноштвото липи кои порано постоеле на нивните атари.[9] Густа и доста застапена липова шума постои и денес на ридот Вртешка непосредно до селото Горни Липовиќ[7], како и во месноста Липадиница во долот кон Долни Липовиќ. Според книгата „Речник на топонимите во областа на Сливот на Брегалница“ за селото Долни Липовиќ е запишано дека неговото име потекнува од ботаничкото име на дрвото липа, односно од изведената именка Липовик/Липовиќ што означува 'место со липа, липова шума' (сп. буковиќ, дабовиќ, дрчевиќ, габроик итн.)[10]

Население

уреди
 
Поглед на основното училиште „Гоце Делчев“
 
Поглед на новоизградениот дом на културата
 
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948449—    
1953502+11.8%
1961486−3.2%
1971574+18.1%
1981515−10.3%
ГодинаНас.±%
1991465−9.7%
1994467+0.4%
2002423−9.4%
2021362−14.4%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 380 жители, 180 Македонци и 200 Турци.[11] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Долни Липовиќ имало 240 жители.[12]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 25 до 50 Турци.[13]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 423 жители, сите Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 362 жители, од кои 343 Македонци и 19 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 240 449 502 486 574 515 465 467 423 362
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Родови

уреди

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Староседелци: Румовци (10 к.), Каранфиловци (10 к.), Темчовци (6 к.), Иловци (6 к.), Гроздановци (5 к.), Јаневци (3 к.), Дончовци (2 к.) и Ќиревци (2 к.) порано живееле во раселеното село Селиште, тоа место се наоѓало на 1км оддалечено од сегашната местоположба на селото. Промената на положбата на селото се извршила пред повеќе од 250 години.[19]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957, селото било во рамките на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Долни Липовиќ, се наоѓале и селата Габревци, Горни Липовиќ, Долни Радеш, Конче, Лубница, Негреновци и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Дедино, во која влегувале селата Горни Липовиќ, Долни Липовиќ, Дедино, Габревци, Негреновци и Ракитец.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1611 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[20]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 344 гласачи.[21]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[22]
Археолошки наоѓалишта[5]

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Во селото постои културно-уметничкото друштво „Плетенка“.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 мај 2016.
  3. 3,0 3,1 Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 12 мај 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 103. ISBN 9989-862-00-1.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327. ISBN 9989-649-28-6.
  6. 6,0 6,1 6,2 Соколоски, Методија (1982). Турски документи за историјата на македонскиот народ. V. Скопје: Архив на Македонија. стр. 273-274 и 277-278.
  7. 7,0 7,1 7,2 Според кажување на жител на с. Дедино, забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски на 02.04.2016
  8. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 351. ISBN 978-608-245-113-8 ('''детални објаснувања на Ѓорче Петров за топографската појава за настанок на села со имиња Горни и Долни, Старо и Ново, Големо и Мало''') Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  9. Шатевски, Љупчо (6 август 2015). „Варџиите од Горни Липовиќ се поцврсти од каменот што го кршат“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 12 мај 2016.[мртва врска]
  10. Иванова, Олга (1996). Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 139.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
  12. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  13. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивски фонд на МАНУ к-9, AE 116/II I.
  20. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  21. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди