Којково
Којково — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Којково | |
Воздушен поглед на Којково | |
Координати 42°04′59.03″N 22°16′13.27″E / 42.0830639° СГШ; 22.2703528° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Кратово |
Област | Осогово |
Население | 9 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1360 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 14011 |
Надм. вис. | 780-1.120 м |
Којково на општинската карта Атарот на Којково во рамките на општината | |
Којково на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, во горното сливно подрачје на Злетовска Река, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 780 до 1.120 метри. Од градот Кратово селото е оддалечено десет километри.[2]
До селото се стигнува преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 2232.
Историја
уредиСелото се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово во 1618-1619 година под името Којкова со 7 домаќинства.[3]
Селото е запишано и во списокот на селата со немуслимански домаќинства во истиот вилает и во 1637 година со 6 домаќинства.[4]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 11,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 709 хектари, на пасиштата отпаѓаат 226 хектари, а на обработливите површини 208 хектари.[2]
Селото, во основа, може да се каже дека има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Којково има 160 жители, сите Македонци христијани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Којково имало 124 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Којково е мало село, коешто во 1961 година имало 202 жители, додека во 1994 година 62 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Којково живееле 36 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 124 | 267 | 294 | 202 | 186 | 118 | 51 | 62 | 36 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Којково било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.
Избирачко место
уредиВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 0929 според Државната изборна комисија, сместено во простории на Петрева воденица.[13]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[14]
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Којково
- Мите Анастасов — македонски револуционер.
Галерија
уреди-
Воденица кај селото
-
Поглед на селото
-
Злетовска Река кај селото
-
Чешма кај селото
-
Долина на Злетовска Река
-
Злетовска Река кај селото
-
Поток кај селото
-
Воденица кај селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 79.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.
- ↑ Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 52.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 ноеммври 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 1 ноември 2022.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-01. Посетено на 1 ноември 2022.