Облавце

село во Општина Старо Нагоричане

Облавце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Облавце
Облавце во рамките на Македонија
Облавце
Местоположба на Облавце во Македонија
Облавце на карта

Карта

Координати 42°9′25″N 21°54′24″E / 42.15694° СГШ; 21.90667° ИГД / 42.15694; 21.90667
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Средорек
Население 111 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1314
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17070
Надм. вис. 469 м
Облавце на општинската карта

Атарот на Облавце во рамките на општината
Облавце на Ризницата

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948383—    
1953426+11.2%
1961454+6.6%
1971407−10.4%
1981296−27.3%
ГодинаНас.±%
1991203−31.4%
1994180−11.3%
2002124−31.1%
2021111−10.5%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Облавце имало 124 жители, од кои 123 Македонци и 1 Србин.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 111 жители, од кои 95 Македонци и 16 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 360 383 426 454 407 296 203 180 124 111
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

уреди

Облавце е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Чолачанци (8 к.), Тутушанци (5 к.), Бароњци (4 к.), Бајагинци (4 к.), Стамболци (3 к.), Арсеновци (2 к.), Портарци (2 к.), Ралевци (2 к.), Печењаци (7 к.), Лукарци (4 к.) и Жерци (2 к.) некои од наведените родови се староседелски, а други се доселени со непознато потекло.
  • Доселеници со познато потекло: Шопци (4 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Нагоричанци (1 к.) доселени се од Нагоричане; Долинци (2 к.) доселени се од селото Коинце, подалечно потекло од некаде од Србија; Антинци (5 к.) доселени се од селото Аљинце; Николајци (4 к.), Дудманчанци (2 к.) и Дренчанци (1 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Карадачанци (1 к.) и Чифлиџанци (1 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово; Радибужчанци (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Мајорци (1 к.) доселени се од селото Арбанашко.[9]

Иселеништво

уреди

Иселеништвото почнало со посилен интензитет веднаш по Втората светска војна. Воглавно во селото останувало постарото население со преку 50 години, додека помладите почнале да се иселуваат.

Постари иселеници има во Долно Коњаре (Боне), Миладиновци (Тодоровски).[9]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.

Надворешни врски

уреди