Мало Рувци

село во Општина Прилеп

Мало Рувци — село во областа Пелагонија, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Мало Рувци
Мало Рувци во рамките на Македонија
Мало Рувци
Местоположба на Мало Рувци во Македонија
Мало Рувци на карта

Карта

Координати 41°15′42″N 21°30′57″E / 41.26167° СГШ; 21.51583° ИГД / 41.26167; 21.51583
Општина  Прилеп
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20068
Надм. вис. 734 м
Мало Рувци на општинската карта

Атарот на Мало Рувци во рамките на општината
Мало Рувци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото лежи на граница на брдско земјиште на југ и рамно земјиште на север, низ него минува делницата Прилеп - Битола. Околни населби се Штавица, Алинци, Чумово и Шелеверци. Во Мало Рувци постојат две послаби чешми и неколку бунари. Потезите во селото се викаат : Штавички пат, Голема нива, Лозја, Комарчани, Мечоец, Цуцулина, Голема ливада, и Барутчица. Селото е од збиен тип . Група куќи се викаат по главните родови – Чакмаковци, Карбевци, Бошовци итн. Мало Рувци имало вкупно 49 домаќинства (1955 г. )[2] и една црква.

Историја

уреди

Над селото во лозјата е местото Барутчица. Таму селаните орале гробови за кои не се знае од кој век се. На поедини гробови порано постоеле камени плочи. Во Мало Рувци има црква на Св. Спас, изградена пред околу 65 години. До тогаш тука постоела стара проста црква. Селската слава е на Спасовден. Покрај црквата се селските гробишта. Во ова село живеат доселени македонски родови. Најпрво се анселиле Џајковци и Мустревци, во првата половина на XIX век. За време на Турците сите жители биле „ортаци и момоци“ на читлуците. Годината 1912 селото имало 12 македонски куќи и 12 турски читлуци. Газдите на читлуците живееле во Битола. Само еден живеел во Прилеп. После 1912 г. секое домаќинство ја купило земјата на оној читлук на кој работело. Затоа измеѓу двете светск ивојни секој од селаните имамл доста своја земја. Меѓутоа од пед неколку години „баш полето“ го зело државното добро „Мирче Ацев“. Бројот на домаќинства во селото изнесувал: 1921 г. – 17, 1948 г. – 42, 1961 г. – 52, 1971 г. – 53.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948332—    
1953372+12.0%
1961299−19.6%
1971250−16.4%
198168−72.8%
ГодинаНас.±%
199126−61.8%
199427+3.8%
200222−18.5%
20212−90.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Рувци живееле 220 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото Мало Рувци има 22 жители, сите Македонци.[2][6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 220 160 332 372 299 250 68 26 27 22 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Мало Рувци е македонско село.

Според истражувањата од 1955 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Мустревци (4 к.) доселени се од селото Добрушево во Битолско; Чакмаковци (7 к.) доселени се од селото Штавица; Марковци (3 к.) и Мицеви (7 к.) доселени се од селото Марул. И таму биле доселени однекаде; Карбевци (6 к.) доселени се од селото Ерековци; Бошевци (5 к.) потекнуваат од Кадино Село. Од таму се иселиле во селото Алинци, па потоа прешле во Мало Рувци; Ѓураковци (3 к.) и Мечовци (2 к.) доселени се во 1949 година од селото Тушин во воденско; Џајковци (3 к.), Широковци (3 к.), Пажевци (4 к.) и Кузмановци (2 к.) доселени се, но не знаат точно од каде.[2]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1436 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[12]

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Од денешниот род Мустревци, има иселеници во соседно Чумово. Таму се викаат Батковци (6к.) Дурлевци се иселиле во Волково (13к.). Други иселеници од родот Чакмаковци живеат во Скопје.[2]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ј. Трифуноски: Антропогеографско истражување на Битолско-Прилепска котлина во издание на САНУ
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди