Габрово (Делчевско)

село во Општина Делчево

Габрово или Турско Габрово — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Габрово

Улица низ селото

Габрово во рамките на Македонија
Габрово
Местоположба на Габрово во Македонија
Габрово на карта

Карта

Координати 41°59′08″N 22°48′00″E / 41.98556° СГШ; 22.80000° ИГД / 41.98556; 22.80000
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 606 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09505, 09005
Надм. вис. 660-765 м
Габрово на општинската карта

Атарот на Габрово во рамките на општината
Габрово на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, меѓу планините Влаина и Осогово, а неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 660-765 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 26,7 км2. Од Делчево е оддалечено 6 км.[2]

Историја

уреди

Во почетокот на XX век, Габрово било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 4 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.545,9 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 505,2 ха, а на пасишта 503,5 ха.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948970—    
1953970+0.0%
1961690−28.9%
1971770+11.6%
1981787+2.2%
ГодинаНас.±%
1991791+0.5%
1994829+4.8%
2002794−4.2%
2021606−23.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габрово живееле 415 жители, од кои 400 Македонци муслимани и 15 Роми.[4] По податоците на Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 534 жители, сите Македонци, од кои 517 муслимани и 17 православни.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 794 жители, од кои 791 Македонец и 3 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 606 жители, од кои 558 Македонци, 1 Албанец, 1 Влав, 6 останати и 40 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Габрово:[9]

Година Македонци Турци Роми Власи Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 970
1953 138 853 8 0 0 5 970
1961 398 291 0 0 0 1 690
1971 753 9 0 0 2 6 770
1981 786 1 0 0 0 0 787
1991 789 0 0 0 1 1 791
1994 828 0 0 0 0 1 829
2002 791 0 0 0 0 3 794
2021 558 1 0 0 1 6 40 606

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Општествени установи

уреди
 
Основното училиште

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0588 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 686 гласачи.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 662 гласачи.[13]

Културни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта
Цркви


Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 65.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 228.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 241.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС Архивирано на 3 февруари 2020 г..
  10. „ОУ „Ванчо Прке" - Делчево“. Посетено на 16 јули 2018.[мртва врска]
  11. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
  12. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-17. Посетено на 10 јули 2018.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди