Сушево (Струмичко)
Сушево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположбаУреди
Сушево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.
Надморската височина во селото е 300 метри додека селото зафаќа површина од 10,9 км2. Од нив, 373 хектари се обработливо земјиште, 456 хектари се шуми и 183 хектари се пасишта [1]
ИсторијаУреди
Антички периодУреди
Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Граница. Претставува населба од доцноантичко време. На 2 км северно од селото, на висок рид со доминантна местоположба, на простор од 70 х 50 м има големи грамади од насобрани камења, фрагменти од питоси и покривни ќерамиди[2]. Освен тоа, во селото се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Манастир. Претставува базилика од старохристијанско време. На 500 м западно од селото се гледаат темели на старохристијанска базилика која е значително оштетена. Темелите се градени од камен и варов малтер.
Отоманско ЦарствоУреди
Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 60 жители Македонци и 190 Турци[3][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 56 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[3][5].
ЈугославијаУреди
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС.
По крајот на Втората светска војна, Сушево било вклученo во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.
МакедонијаУреди
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 723 жители и спаѓа во групата на средно големи села, но низ годините е забележат благ пораст на населението.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 430 |
1953 | 120 | — | 359 | 3 | — | — | — | 7 | 489 |
1961 | 489 | — | 26 | — | — | 2 | — | 1 | 518 |
1971 | 635 | — | 10 | — | — | 2 | — | 1 | 648 |
1981 | 709 | — | 12 | — | — | — | — | 4 | 725 |
1991 | 731 | — | 14 | — | — | 2 | — | 1 | 748 |
1994 | 729 | — | 16 | — | — | — | — | — | 745 |
2002 | 707 | — | 15 | — | — | — | — | 1 | 723 |
Институции и знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Цркви[8]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - манастриска црква;[9]
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1807 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 569 гласачи.[11]
НаводиУреди
- ↑ Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.282.
- ↑ 2,0 2,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „ЧУДО ВО СУШЕВО: НА СОН И СЕ ЈАВИЛ СВ. ГЕОРГИЈ СО ПОРАКА ДЕКА ИМА СПАС ЗА НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ“. Архивирано од изворникот на 2017-01-24. Посетено на 2016-10-04.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врскиУреди
- Општина Василево Архивирано на 25 јуни 2008 г.
„Сушево (Струмичко)“ на Ризницата ? |