Хаџи-Сејдели
Хаџи-Сејдели — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.[2]
Хаџи-Сејдели | |
Координати 41°38′34″N 22°04′49″E / 41.64278° СГШ; 22.08028° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Штип |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 340 м |
Хаџи-Сејдели на општинската карта Атарот на Хаџи-Сејдели во рамките на општината | |
Хаџи-Сејдели на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото лежи во јужноото подножје на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од 9 км2.[3]
Историја
уредиВо XIX век Хаџи-Сејдели било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Седили имало 50 жители Турци.[4]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи Сејдли (Hadži Seidli) како село со нејасен етнички состав.[5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6]
Во периодот пред Втората светска војна, населението на Хаџи-Сејдели доживеало голем пад, при што во 1948 г. се забележани 10 жители, а по неколку години тие се намалиле на 8. Во текот на 1950-тите сите Турци (т.е. целото население) го напуштиле селото, а на нивно место се доселиле 4 Албанци и 4 „останати“ лица.[7] Во 1960-тите Хаџи-Сејдели било наполно иселено. Според пописот од 2002 година, Хаџи-Хамзали немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 50 | — | 10 | 8 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиХаџи Сејдели било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
- Доселеници: Демирарлар (5 к.), Ѓелолар (3 к.), Шабанлар (1 к.) и Беќирлар (1 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Усиналардан (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Мушанци; Мамуџик (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Орта Маало.[12]
Иселеништво
уредиИселеници има во Турција.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 309. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 231. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Хаџи-Сејдели — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)