Орашје
Орашје — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година Орашје е забележано како село со 5 домаќинства.[1]
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орашје живееле 195 жители, сите Албанци.[2]
Според Афанасиј Селишлев во 1929 година, Орашје — село во Рогачевска општина и има 56 куќи со 371 жител, Албанци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.084 жители. Следува табела на националната структура на населението:[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Албанци | 1.078 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 1 |
останати | 5 |
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 195[2] | 371[3] | 535 | 569 | 645 | 802 | 939 | 929 | 1.084 |
РодовиУреди
Орашје е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Староседелци: Куљаш или Куљанчои (18 к.) исламот го примиле во времето кога се доселиле другите муслимански Албанци. Од тогаш понатака мешајќи се со Албанците целосно се албанизирале. Куљаш за нив сега кажуваат дека припаѓаат на фисот Красниќи. Они имаат православни роднини во селото Старо Село. Имаат иселеници во Орашко Градиште, Радуша и во Тетово (пет семејства).
- Доселеници: Теш (11 к.) по потекло се од фисот Красниќи. Го знаат следното родословие: Ибраим (жив на 70 г. во 1948 година) Џафер-Ариф-Мамут-Браим, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (пет семејства); Мал Зез (10 к.) доселени се од Малесија во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Алил (жив на 55 г. во 1948 година) Идриз-Алил-Адем, предокот кој се доселил. Имаат иселеници во Слатино, Озормиште и во Тетово (едно семејство); Арнор (8 к.) по потекло се од фисот Бериша во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Ислам (жив на 45 г. во 1948 година) Реџеп-Браим-Реџеп, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (две семејства); Џин (3 к.) и Алиалар (3 к.) доселени се од фисот Бериша во северна Албанија; Сурој (3 к.) доселени се од фисот Красниќи. Името го добиле по местото во Малесија, во с. Албанија.[5]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постојат изборните места бр. 2133 и 2134 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.110 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Орашко Кале – Собри — утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век со црква и некропола. Се наоѓа на околу 3,5 км јужно од селото, на еден висок рид (кота 715) што доминира над Дервенска Клисура. На врвот има остатоци од темели на бедем и одбранбени кули ѕидани од кршен камен и варов малтер, а во внатрешноста темели од повеќе мали објекти, фрагменти од керамички садови и расфрлен градежен матријал. Најдени се и монети од IV и V век. Во подножјето на тврдината од северната страна има остатоци од црква и околу неа гробови со камени конструкции. Тврдината под името Хисар постоела и во XV век.[8][9][10][11][12][13]
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Од почетокот на XIX век од ова село почнало да се иселува старото православно население. Се знае за иселеници на следните места од старите православни семејства од ова село. Краговци, иселени се во селото Старо Село. Мажиќевци, иселени се во селото Вратница.[5]
НаводиУреди
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
- ↑ 3,0 3,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.23.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Цвииќ Ј., 1911
- ↑ Дероко А., 1950
- ↑ Алексова Б., 1959, 217
- ↑ Томоски Т., 1976
- ↑ Трифуноски Ј., 1976
- ↑ Микулчиќ И., 1982 б, 135-138