Полето
Полето — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Полето | |
Поглед на селото | |
Координати 41°59′55″N 22°45′36″E / 41.99861° СГШ; 22.76000° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Област | Пијанец |
Население | 198 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 600 м |
Полето на општинската карта Атарот на Полето во рамките на општината | |
Полето на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Делчево, на неколку километри од Делчево и припаѓа на неговата рурбална зона.[2]
Историја
уредиВкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
уредиЗа селото не се води катастарска евиденција, па затоа не може да се прикаже структурата на неговото земјоделско земјиште.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 194 жители, од кои 186 Македонци и 8 Роми.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 192 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 3 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | 168 | 200 | 172 | 135 | 101 | 114 | 194 | 198 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиСпоред истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
- Доселеници: Цопевци (4 к.) доселени се во 1900 година од селото Цера; Коловци (4 к.) доселени се во 1903 година од селото Бигла; Мораци (3 к.) доселени се во 1916 година од селото Бигла; Јанкуловци (2 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Митревци (2 к.) доселени се во 1914 година од селото Моштица; Илијовци (3 к.) доселени се во 1919 година од селото Вратиславци; Папурица или Папурички (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Костин Дол; Соколовци (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Костин Дол; Мајмуно (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Драмче; Стамболовци (2 к.) доселени се во 1932 година од селото Драмче; Чорбаџиовци (1 к.) доселени се во 1943 година од некое околно село.[10]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0595 според Државната изборна комисија.[11]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 109 гласачи.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[13]
Галерија
уреди-
Маало на селото
-
Куќи во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 240.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2022-10-04. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.