Општина Центар Жупа
![]() |
![]() |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Центар Жупа |
Регион | ![]() |
Површина | 107,21 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски и турски јазик |
Демографија | |
Население | 6.519 жит. |
- проценка од 31.12.2016 | 7.105 жит. |
Густина | 60,81 жит./км2 |
Населени места | |
Народности | Македонци и Турци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Аријан Ибраим |
Совет | 11 члена |
Контактни податоци | |
Седиште | Општина Центар Жупа, 1258 Центар Жупа |
Телефон | 046 840-239, 046 840-227 |
Факс | 046 840-353 |
Општина Центар Жупа — општина во Западна Македонија. Центар на општината е селото Центар Жупа (Вапа). Општината се наоѓа во дебарскиот регион и опфаќа 23 села, од кои некои се сосема раселени.
ГеографијаУреди
Општината се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 107,21 км2. На север, исток и запад општината граничи со општината Дебар, а на југ со Струга. Во општината се наоѓа планината Стогово и Дебарското Езеро.
СтопанствоУреди
Главен стопански објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Населението воглавно се занимава со трговија, сточарство, земјоделство и шумарство. Сепак, добар дел од населението е иселено во страство и приходите кои се испраќаат од иселениците се значајни за економијата на населението.
ДемографијаУреди
Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 6.519 жители со густина на население од 60,81 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[1][2]
Народност | Број | Постоток |
Македонци* | 814 | 12,49 % |
Турци* | 5.226 | 80,17% |
Албанци* | 454 | 6,96% |
останати | 25 | 0,38% |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 20 |
муслимани | 6.215 |
католици | 4 |
протестанти | 0 |
останати | 60 |
- * Во општината има значаен број Македонци-муслимани кои се изјасниле како Турци, а мал дел и како Албанци, поради различни политичко-религиски причини.
Јазик | Вкупно |
македонски | 953 |
албански | 439 |
турски | 4.880 |
ромски | 0 |
влашки | 1 |
српски | 0 |
бошњачки | 0 |
останати | 25 |
ИселеништвоУреди
Добар дел од населението е иселено во странски држави. Најголем број од иселените се во Италија, но и во другите европски држави.
Самоуправа и политикаУреди
Градоначалник на општина Центар Жупа е Аријан Ибраим од редовите на ДПТ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години.[3] Советот на општина Центар Жупа е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Во склоп на општина Центар Жупа се следниве села: Бајрамовци, Баланци, Брештани, Броштица, Власиќи, Голем Папрадник, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, Долно Мелничани, Евла, Елевци, Житинени, Кочишта, Коџаџик, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Оџовци, Пареши, Праленик, Центар Жупа и Црно Боци.
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Црков - средновековна црква и некропола;
- Варварица - средновековна црква;
- Влаи - средновековна населба и некропола;
- Машатлак - средновековна некропола;
- Долно Поличе - населба од доцноантичко време;
- Поличе - средновековна црква и некропола;
- Стара Куќа - средновековна населба;
- Црквиште - средновековна црква и некропола;
- Вапавска Краста - доцноантилка населба;
- Вапчица - средновековна некропола;
- Св. Петка - средновековна црква;
- Црквичка - средновековна црква и некропола;
Општествени установиУреди
- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ - единствена преостаната црква од трите историски во селото. Потекнува од 1868 година.
- Црква „Свети врачи Кузман и Дамјан" - селска црква од 19 век;[5]
- Црква „Св. Варвара“ - Горенци - селска црква од 19 век
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица" (Св. Пречиста) - селска црква од 19 век;[5]
- Манастир - средновековна населба, црква и некропола;
- Црков - средновековна некропола;
- Чифлик - доцноантичка и средновековна населба;
ЛичностиУреди
- Андон Maнчевски (1929-2004) — македонски невропсихијатар, доајен на македонската пcихијатрија. Основоположник на екстрахоспиталната дејост во Македонија.
- Вељо Манчевски (1905-1962) — партизан и деец на НОВМ
- Али Риза Ефенди — татко на големиот реформатор Мустафа Кемал Ататурк.
НаводиУреди
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 5,0 5,1 „Дебарско-реканска парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 2011-08-02.