Јанковец
Јанковец — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во близина на градот Ресен, на двете страни од патот кон Охрид.
Јанковец | |
Координати 41°06′30″N 21°00′40″E / 41.10833° СГШ; 21.01111° ИГД | |
Регион | Горна Преспа |
Општина | Општина Ресен |
Население | 1.106 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7320 |
Шифра на КО | 23016 |
Надм. вис. | 890 м |
Јанковец на општинската карта Атарот на Јанковец во рамките на општината | |
Јанковец на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот ракав од северниот дел на плодното Ресенско Поле, во областа Преспа, некогаш 2 км северно, а денес е предградие на Ресен, сместено на регионалниот пат Охрид-Ресен. Јанковец граничи од север со Избишта и Кривени, од исток со Златари, од југ со Ресен и од запад со Болно. Јанковец е рамничарско село на надморска височина од 890 метри.
По средината на рамничарскиот дел тече Голема Река, која никогаш не пресушува, а нејзините води се користат за наводнување на крајбрежните обработливи површини.
Историја
уредиПотеклото на името на селото Јанковец, според кажувањето на постари жители на селото, се вели дека името го добило по прво населениот човек, некојси Јанко и според неговото име селото било наречено Јанковец. За името на селото постојат и други преданија.
Стопанство
уредиВо близина на манастирот се наоѓа и ресторанот “Манастир” кој е еден од првите приватни угостителски објекти во поранешна Југославија.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јанковец живееле 1.080 жители, од кои 900 Македонци и 180 Власи.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јанковец имало 1.200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија, 200 Македонци патријаршисти и 150 Власи.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Јанковец се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 122 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци и 100 Власи.[5]
Според пописот од 2002 година во селото Јанковец живеат 1.169 жители, од кои 1.149 Македонци, 6 Турци, 7 Власи, 6 Срби и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.106 жители, од кои 1.020 Македонци, 6 Албанци, 28 Турци, 14 Власи, 6 Срби, 7 останати и 26 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1040 | 1550 | 716 | 690 | 747 | 925 | 1307 | 1307 | 1214 | 1169 | 1106 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиЈанковец е македонско село.
Родови во селото се: Аврамовци, Буневци, Босилковци, Божиновци, Бузлевци,Павловци,Блажевци, Балаловци, Бутевци, Бучковци, Бошковци, Видиновци, Воденичаровци, Гештаковци, Гулевци, Дуневци, Думовци, Денесовци, Димитровци, Ѓоршевци, Ѓоревци, Еленчовци, Зузаровци, Замановци, Здравевци, Златановци, Икономовци, Јотовци, Јосифовци, Јанковци, Јанкуловци, Китановци, Картанџиовци, Калеш-Ѓоргијовци, Куменџиовци, Костовци, Котевци, Кузмановци, Ламушевци, Мачевци, Мазниковци, Младеновци, Марковци, Малевци, Низамовци, Нечевци, Недовци (Чачаковци), Огненовци, Пројовци, Пиљаковци, Радевци, Ристовци, Спировци, Савевци, Станчевци, Спасоевци, Сотировци, Саламовци, Старковци, Теговци, Таневци, Танковци, Трајковци, Туртановци, Трифуновци, Томчевци, Циглевци, Чаушевци, Чаковци, Чадевци, Шушевци, Шулевци, Шентевци и Шалевци.[12]
Можно е некои од македонските родови да имаат влашко потекло.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Босилковци (1 к.), Бузлевци (1 к.), Минчевци (2 к.), Еленчевци (1 к.), Циглевци или Китановци (3 к.), Балаловци (1 к.), Недовци и Чочановци (1 к.), Замановци (1 к.), Ѓоршовци (1 к.), Денесовци (1 к.), Сотировци (1 к.), Огненовци (1 к.), Бутевци (1 к.), Бучковци (1 к.), Томчевци (1 к.), Шалевци (1 к.)
- Доселеници: Дупенци или Ничовци (10 к.) доселени се од селото Горно Дупени, каде припаѓале на родот Србиновци; Низамовци (1 к.) доселени се одамна од селото Дрмени, каде припаѓале на родот Вецовци; Пројовци и Бошковци (10 к.) од местото Проја кај Раец; Ѓештаковци (9 к.) доселени се одамна од селото Туминец во Мала Преспа; Картанџиовци (2 к.) доселени се однекаде; Бундевци (7 к.) доселени се од Горно Дупени; Калеш-Ѓоргиовци (3 к.) доселени се од Епир во Грција. Власи по потекло; Божиновци (1 к.) доселени се од селото Кривени; Куменџиовци (10 к.) по потекло се Власи. Доселени се од околината на Колоња во јужна Албанија; Чаушовци (2 к.) доселени се од селото Гопеш кај Битола. По потекло се Власи; Икономовци (5 к.) биле Гркомани. По потекло се Власи, доселени се од Епир во Грција. Биле еден род со Калеш-Ѓоргијовци; Парталовци (1 к.) доселени се од селото Кривени, каде припаѓале на истоимениот род; Караолановци (1 к.) доселени се од селото Сопотско; Теговци (1 к.) доселени се од Епир во Грција. По потекло се Власи; Пажевци (2 к.) доселени се од Тесалија во Грција. По потекло се Власи; Курвешани и Спировци (1 к.) доселени се во 1912 година од Музакија во Албанија. По потекло се Власи; Начевци и Џиндес (1 к.) доселени се во 1912 година од Каваја во Албанија. По потекло се Власи; Дуневци (1 к.) доселени се од Белица кај Струга. По потекло се Власи; Чаковци (3 к.) по потекло се Власи. Доселени се во 1912 година од Каваја во Албанија; Ламушевци (1 к.) исто така од Каваја во Албанија. Власи се; Танковци (1 к.) и Костовци (1 к.) исто така од Каваја во Албанија. Власи; Џафтановци со Трифуновци (1 к.) доселени се од селото Горно Крушје, од Џафтановци; Думовци (3 к.) доселени се од некое место во Албанија; Радевци (3 к.) доселени се од селото Златари, таму припаѓале на родот Митевци; Пиљаковци (1 к.) доселени се од селото Туминец; Трајковци (2 к.) доселени се од селото Свињишта кај Охрид; Мазниковци (3 к.) доселени се од селото Петрино; Савевци (3 к.) доселени се од селото Болно, од истиот род; Станчевци (1 к.) доселени се од селото Стипона; Блажевци (3 к.) доселени се од селото Завој кај Охрид; Шушевци (2 к.) доселени се од селото Церово кај Демир Хисар; Шуленци (1 к.) доселени се од селото Шулин во Мала Преспа; Воденичаровци (4 к.) доселени се од Ресен; Спасоевци (1 к.) доселени се од селото Туминец; Младеновци (1 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Зузаровци (1 к.) доселени се од селото Подмочани; Јотовци (1 к.) доселени се од Охрид; Гулевци (2 к.) доселени се од селото Избишта; Саламовци (1 к.) доселени се од Ресен; Туртановци (2 к.) доселени се однекаде; Марковци (1 к.) доселени се од селото Збажди во струшка Малесија; Марковци втори (1 к.) доселени се од Берово; Старковци (1 к.) доселени се од селото Лева Река, каде припаѓале на Дамулевци; Шентевци (1 к.) доселени се од селото Горно Дупени; Башовци (1 к.) доселени се од селото Лева Река; Трифуновци (1 к.) доселени се од селото Горно Крушје; Здравевци (1 к.) доселени се исто така од Горно Крушје; Јосифовци (1 к.) доселени се од селото Лева Река; Јанкуловци (1 к.) доселени се од селото Брајчино; Димитриовци и Бунџовци (3 к.) доселени се од селото Гопеш кај Битола. По потекло се Власи; Аврамовци (2 к.) доселени се од селото Пасинки во Голо Брдо во Албанија во 1903 година; Гаревци (1 к.) доселени се од селото Дрмени; Костовци и Стефановци (1 к.) доселени се од селото Велмевци кај Демир Хисар; Спировци и Музиќери (1 к.) доселени се од селото Отешево; Фермановци (1 к.) доселени се од селото Буф кај Лерин во 1948 година; Илиовци и Блажевци (1 к.) доселени се од селото Скребатно кај Охрид; Ристовци (1 к.) доселени се од селото Грнчари; Златановци (1 к.) доселени се од селото Златари.[13]
Општествени установи
уредиСо своја училишна зграда селото се здобило уште во времето на турското владеење. ВО 1922 година била изградена нова (денес разурната), а околу 1960 година е подигнато денешното училиште.
- Цркви[14]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — главната селска црква, осветена 1866 година;
- Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на околу 1 км источно од селото;
- Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа во селото;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главната манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
- Црква „Св. Игнатиј Богоносец“ - манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Св. Атанас — средновековна некропола;
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 1631 и 1631/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 981 гласач.[17]
Културни и природни знаменитости
уредиВо селото има куќи кои, поради својата старост и убавина се ставени под заштита на државата, како на Ванчу Икономовски и Теговци.
Во Јанковец постојат три цркви и еден манастир. Црквата “Св. Атанас”, се наоѓа во селото, не е забележана ниту се памети годината на нејзината изградба. Се претпоставува дека е постара од манастирската црква “Св. Богородица”. Црквата “Св. Никола”, на околу 1 км источно од селото, Црквата “Св. Јован” се наоѓа во селото и е осветена во 1866 г.
Во селото се наоѓа манастирот “Св Богородица”, кој се претпоставува дека е изграден пред XVIII век. Во неговиот склоп постои манастирска црква, бидејќи пред 1866 година други цркви во селото немало.
Редовни настани
уредиПразник “Успение на пресвета Богородица” се празнува на 28 август, кога на ова место се собира народ од поблиските села и градот Ресен. Во црковниот двор на манастирот е погребан Охридско-преспанскиот владика Дионисиј кој бил Грк по потекло.
Личности
уреди- Кире Гештаковски (р.1954), Македонски политичар, пратеник на ПСД
- Андреј Кезепов (1880 - 1904), македонски револуционер, кресненски војвода на ВМОРО
- Никола Миљовски (1883 - 1940), македонски револуционер
- Христо Низамов (1903 - ?), американски новинар и деец на МПО
- Димитар Бузлевски (р. 1952) - македонски политичар и поранешен пратеник во македонското Собрание како член на СДСМ
- Трифун Иванов, македонски револуционер.
Култура и спорт
уреди- ФК Јанковец, оформен 1921 година под името Кралевиќ Марко, за време на Кралството СХС.
Иселеништво
уредиИселеници од селото има во Ресен, Бугарија (16 семејства), САД (13 семејства), Битола, Скопје, Аргентина (11 семејства), Куманово, Русија, Србија, Романија, Албанија, Канада и во Турција.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 170-171.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.