Драчево (населба)

населба во Општина Кисела Вода
Оваа статија се однесува на населбата. За селото Драчево, видете Драчево.

Драчевонаселба во Општина Кисела Вода, во градот Скопје. Поради неговата местоположба и физичка одвоеност од самото Скопје, населбата претставува ексклава на главниот град. Името на населбата го носи според соседното и физички споено село Драчево кое пак поради неговиот рурален статус, не влегува во Скопје. Освен населбата Драчево, и населбата Радишани е физички одвоена од Скопје, но претставува негов составен дел.

Драчево
Населба
План на населбата
План на населбата
Координати: 41°56′27″N 21°30′56″E / 41.94083° СГШ; 21.51556° ИГД / 41.94083; 21.51556
ДржаваМакедонија
ОпштинаКисела Вода
Пуштено за живеење27 декември 1963
Надм. вис.[1]&10000000000000240000000240 м
Карта
Интерактивна карта на населбата Драчево.

Географија и местоположба

уреди

Драчево се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина на 9 километри оддалеченост (воздушна линија) од средиштето на Скопје, во југоисточен правец. Населбата е рамничарска и покрај неа минува месен пат за повеќе скопски села. Со другите делови на Скопје, Драчево е поврзано преку повеќе автобуски линии. Непосредно на запад, Драчево е расположено на десниот брег на Маркова Река. На исток и југоисток, населбата Драчево граничи со селото Драчево и обете населени места се физички споени. На северозапад, Драчево граничи со атарот на Долно Лисиче, на север граници со атарот на Горно Лисиче, Пинтија е во правец на северозапад, Батинци на југозапад.

Историја

уреди
 
Бараките во населба Драчево, изградени од оператива од СР Србија.
 
Свечено предавање во употреба на новоизградената населба Драчево со 706 станови.

По разорниот Скопски земјотрес во 1963 година, со одлука на советот на тогашната Општина Драчево (со седиште во селото Драчево) бил усвоен урбанистички план во договор со Град Скопје, за изградба на приградска населба во непосредна близина на селото Драчево, во која требало да бидат вселени 3.000 семејства од Скопје кои ги загубиле своите домови во земјотресот.[2] Населбата Драчево била плански изградена со 2.100 ниски приземни монтажни бараки кои ги граделе градежни фирми од целата тогашна Југославија. На 27 декември 1963 година, населбата со бараките биле пуштени во употреба. Службеното предавање било извршено од Љупчо Арсов, претседател на ИО на Главниот одбор на ССРНМ. За потребите на населбата биле отворени уште 2 основни училишта, а било отворено и средно училиште. По постепеното враќање на Скопјани во матично Скопје, набрзо почнало да се доселува население од сите краишта на Македонија.

Население

уреди

Според пописот од 2002 година, жители на Драчево по народност биле:

Народност Број на жители
Македонци 9,269
Албанци 179
Турци 270
Роми 276
Власи 28
Срби 225
Бошњаци 140
Останати 218
Вкупно 10,605

Општествени установи

уреди

Во населбата Драчево, дејствуваат две основни училишта: ОУ „Рајко Жинзифов“ и ОУ „Кузман Шапкарев“, како и едно средно училиште - СУГС „Браќа Миладиновци“ (со насоки: гимназија, земјоделски и хортикултурни и ветеринарни смерови). Исто така во Драчево работи и детската градинка „1 Март“. Во населбата е сместена Полициската станица „Драчево“ и Поликлиниката „Драчево“.

Стопанство

уреди

Во 1970 година, бил изграден пазарот. Во мај 2023 година, започнало целосното подновување на истиот пазар.[3]

Со развојот на мали претпријатија и создавањетона индустриска зона, многу стопанственици отвориле свои фирми во и околу територијата на населба Драчево. Најзначаен плаза центар е Olympus Plaza - Скопје со седиште токму во населба Драчево во кој се вработени околу 3000 работници. Потоа други значајни фирми се: „Макпетрол“ и неговата бензиска станица, „Storia Cafe“, MegaSport „La Gondola“, „КАМ Маркет“, „Пицерија Коко“, „Зегин Естреја Драчево“, „Си-Ника Трејд“, „СТП Драчево“ и некои други помали фирми.

Управување и администрација

уреди

Во рамките на Општина Кисела Вода, населбата Драчево е претставувана од Урбаната заедница „Бобан Трпков“.[4] Урбаната заедница порано го носела името УЗ Населба Драчево.[5]

Избирачко место

уреди
Гласање во населба Драчево за време на парламентарните избори 2024[6][7]
Број на избирачко место Установа кадешто се наоѓа Женски гласачи Машки гласачи Регистрирани гласачи
2775 ООУ „Рајко Жинзифов“ 434 465 899
2776 ООУ „Рајко Жинзифов“ 328 310 638
2777 ООУ „Рајко Жинзифов“ 65 61 126
2778 ООУ „Рајко Жинзифов“ 250 260 510
2779 ООУ „Рајко Жинзифов“ 309 337 646
2780 ООУ „Рајко Жинзифов“ 365 421 786
2781 ООУ „Рајко Жинзифов“ 493 481 974
2782 ООУ „Рајко Жинзифов“ 452 481 933
2783 ОУ „Кузман Шапкарев“ 399 424 823
2784 ОУ „Кузман Шапкарев“ 441 468 909
2785 ОУ „Кузман Шапкарев“ 305 300 605
2786 ОУ „Кузман Шапкарев“ 183 189 372
2787 ОУ „Кузман Шапкарев“ 219 230 449
2788 СУ „Браќа Миладиновци“ 327 335 662
2790 СУ „Браќа Миладиновци“ 275 271 546
2791 СУ „Браќа Миладиновци“ 325 335 660
2792 СУ „Браќа Миладиновци“ 471 446 917
Вкупно 5,641 5,814 11,455
  • Значителен од гласачите на одредени избирачки места, се од селото Драчево.

Со споената статистика за селото и населбата Драчево, на парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 10.148 жители, каде 65% од гласовите освоила Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 11% Коалицијата „За Европска Иднина“ предводена од СДСМ и 12% партијата Левица.[8]

Култура и спорт

уреди

Од населбата Драчево е фудбалскиот клуб ССК Младинец. Неговиот домашен терен е сместен во северниот дел на населба Драчево.

Знаменитости

уреди

Во април 2024 година, на Плоштадот на бранителите во Паркот „Драчево“, бил осветен крст висок 63 м.[9] Осветувањето било извршено од г.г. Стефан.[10]

Сообраќај

уреди
Автобуски услуги

Кон Драчево сообраќаат девет автобуски линии од ЈСП Скопје. Сите линии само минуваат низ или покрај Драчево, како транзит до останатите околни населени места. Тие се:[11]

  • 31 - Долно Лисиче - Транспортен центар (оваа линија минува низ населбата Драчево)
  • 41 - Фабрика Типо/ЖС „Драчево“, село Драчево - Транспортен центар, меѓу населбите Пролет и Мичурин (оваа линија минува низ населбата Драчево)
  • 41а - Сретсело/Говедариште, село Драчево - Клинички центар, Водно (оваа линија минува низ населбата Драчево)
  • 42 - Сретсело/Говедариште, село Драчево - Железара (оваа линија минува низ населбата Драчево)
  • 51 - Студеничани - Транспортен центар (оваа линија минува покрај населбата Драчево)
  • 51а - Морани - Транспортен центар (оваа линија минува покрај населбата Драчево)
  • 67 - Зелениково - Транспортен центар (оваа линија минува покрај населбата Драчево)
  • 74 - Долно Количани - Транспортен центар (оваа линија минува покрај населбата Драчево)
  • 163 - Сретсело/Говедариште, село Драчево - Општина Илинден (оваа линија минува низ населбата Драчево)

Личности

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Преку https://www.calcmaps.com/map-elevation/
  2. Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр. 17
  3. „Историја“. А.Д. „Скопски пазар“ - Скопје. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2024. Посетено на 17 јуни 2024.
  4. „Месни / урбани заедници“. Општина Кисела Вода. 11 август 2012 (првичен датум на создавање). Архивирано од изворникот на 2 март 2024. Посетено на 17 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „Месни / урбани заедници“. Општина Кисела Вода. 11 август 2012 (првичен датум на создавање). Архивирано од изворникот на 16 октомври 2016. Посетено на 17 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. Состојба 5.2024.
  7. „Избирачки список“.
  8. „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во |title= во положба 36 (help)[мртва врска]
  9. „Нов симбол на верата и надежта над Скопје - Македонскиот крст ќе нѐ чува од Драчево“. skopjeinfo.mk. 29 април 2024. Архивирано од изворникот на 29 април 2024. Посетено на 17 јуни 2024.
  10. „Осветување на новопоставениот крст во населба Драчево“. liturgija.mk. 28 април 2024. Архивирано од изворникот на 24 мај 2024. Посетено на 17 јуни 2024.
  11. Возен ред, ЈСП Скопје, пристапено на 21 јуни 2024.