Општина Лозово
Општина Лозово — општина во Македонија. Административен центар на општината е истоименото село. Општината се наоѓа во Овче Поле.
Општина Лозово | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Лозово | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Бошко Цветковски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 166,32 км2 (64,22 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 2.264 | ||
• Густина | 14/км2 (35/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +032 | ||
Регистарски таблички | SN | ||
Мреж. место | opstinalozovo.gov.mk |
Географија
уредиОпштина Лозово се наоѓа во централниот дел на Македонија, поточно зафаќа дел од Овче Поле. Вкупната територија на Општина Лозово е 165 км2. Во Општината има 11 населени места, од кои 1 се рамничарски а 1 ридско.[2] Низ Општината минува магистралниот пат М5, како и железничката линија Велес-Кочани. Општина Лозово граничи со Општина Свети Николе на север и североисток, со Општина Велес на запад, со Општина Градско на југ и со Општина Штип на исток.
Климата во Општината е умерено-континентална со слабо влијание на средоземната. Просечните врнежи во општината се 472 мм/ м². Најчеста појава на ветер е од северозапад со просечна брзина од 6 км/ч.
Стопанство
уредиСтопанството во општината е претежно земјоделско. Вкупното обработливо земјиште изнесува 16.331 хектар.
Демографија
уредиОпштина Лозово, според пописот од 2002 година, имала население од 2.858 жители. Густината на населението на општината е 16.1 жител на км2. Селата во Општината се: Аџибегово, Аџиматово, Бекирлија, Дорфулија, Ѓуземелци, Каратманово, Кишино, Лозово, Милино, Сарамзалино и Ќоселери. Најголемо село е Лозово кое е и административен центар на општината.[3]
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 2.478 | 86,47 |
Албанци | 33 | 1,22 |
Турци | 154 | 5,49 |
Роми | 0 | 0,00 |
Власи | 122 | 4,27 |
Срби | 26 | 0,08 |
Бошњаци | 14 | 0,04 |
останати | 31 | 1,19 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 2.591 |
муслимани | 253 |
католици | 1 |
протестанти | 0 |
останати | 13 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 2.478 |
албански | 33 |
турски | 154 |
ромски | 0 |
влашки | 122 |
српски | 26 |
бошњачки | 14 |
останати | 31 |
Македонци | Турци | Срби | Роми | Бошњаци | Албанци | Власи | останати и непознато | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
апсолутно мнозинство | ||||||||
релативно мнозинство |
Општина Лозово | Вкупно | Македонци | Албанци | Власи | Турци | Бошњаци | Срби | Роми | останати |
Аџибегово | 5 | 4 | 1 | ||||||
Аџиматово | 74 | 74 | |||||||
Бекирлија | 5 | 5 | |||||||
Дорфулија | 756 | 568 | 49 | 117 | 13 | 3 | |||
Ѓуземелци | 40 | 40 | |||||||
Каратманово | 520 | 515 | 5 | ||||||
Кишино | 22 | 22 | |||||||
Лозово | 896 | 851 | 26 | 8 | 5 | 6 | |||
Милино | 334 | 241 | 33 | 1 | 19 | 14 | 4 | 22 | |
Сарамзалино | 118 | 116 | 2 | ||||||
Ќоселари | 88 | 42 | 46 | ||||||
Вкупно | 2.858 100,00% |
2.473 86,5% |
33 1,1% |
122 4,2% |
154 5,3% |
14 0,4% |
24 0,8% |
0 0,0% |
32 1,1% |
Општествени установи
уредиНа територијата на општина Лозово функционира едно централно основно училиште - ЦОУ „Методија Митевски - Брицо“ во Лозово. Централното училиште има четири подрачни училишта[4]:
- Подрачно осново училиште Методија Митевски – Брицо во с.Каратманово
- Подрачно осново училиште Методија Митевски – Брицо во с.Дорфулија
- Подрачно осново училиште Методија Митевски – Брицо во с.Милино
- Подрачно осново училиште Методија Митевски – Брицо во с.Сарамзалино
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Лозово е Бошко Цветковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Лозово е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиКултура и спорт
уредиНа територијата на Општина Лозово опстојува ФК Работник, фудбалски клуб кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига.
Во 2011 година е пуштено во употреба современо повеќенаменско игралиште во Лозово кое е комплетно опремено, што воедно е и теренот на којшто тренираат и настапуваат фудбалерите на Ф.К.Работник. Општината е покровител на повеќе традиционални турнири во мал фудбал и тоа[6]:
- Традиционален турнир во мал фудбал во Лозово
- Традиционален турнир во мал фудбал во Дорфулија
- Традиционален турнир во мал фудбал во Каратманово
- Традиционален турнир во мал фудбал во Милино
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Општина Лозово: Демографија“. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 2014-07-27.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Општина Лозово: Образование“. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 2014-07-27.
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Општина Лозово: Спорт“. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 2014-07-27.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |