Сладуево
Сладуево — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Сладуево | |
Поглед на селото Сладуево од ридот над Прибилци | |
Координати 41°15′12″N 21°12′30″E / 41.25333° СГШ; 21.20833° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 52 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10029 |
Надм. вис. | 635 м |
Слава | Илинден[2] |
Сладуево на општинската карта Атарот на Сладуево во рамките на општината | |
Сладуево на Ризницата |
Потекло на името
уредиИмето на селото веројатно потекнува од личното име Сладуј или Сладомир.[2]
Географија и местоположба
уредиОва село се наоѓа во Железник, во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Кичево или Крушево и до текот на Црна Река.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 635 метри. Од градот Демир Хисар, селото е оддалечено четири километри.[3]
Сладуево се граничи со селото Прибилци на север, со селото Журче на исток, со селата Граиште и Белче на југ и со селото Белче на запад.[2]
Во 1965 година селото добило електрична енергија, водовод има од 1978 година, а асфалтен пат од 1985 година.[2]
Историја
уредиСладуево се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер со името „Сладофче“. Во селото имало 5 христијански семејства. Во еден список за личен данок на немуслиманите од Битолскиот вилает од 1537/8 г. селото е регистрирано со формата „Сладовци“. Во географска карта од 1900 година било запишано како „Сладујево“.[2]
Во 1468 година имало 5 семејства, односно вкупно 25 жители. Во 1568 година имало 13 семејства или вкупно 45 жители. Селото плаќало вкупно 225 акчиња годишно данок.[2]
Во XIX век, Сладуево било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,2 км2, при што преовладува обработливото земјиште со 80 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Во минатото, во селото работела електрична воденица, сепарација на песок и асфалтна база. Денес, во селото има фабрика за откуп и преработка на печурки „Чапе Фунги“.[2]
Населението се занимава со земјоделство и чува малку стока.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сладуево имало 80 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сладуево се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[6]
Сладуево е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 109, а во 1994 година бројот се намалил на 81 жител.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 77 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 51 Македонец и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 80 | 106 | 126 | 109 | 96 | 105 | 87 | 81 | 77 | 52 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиСладуево е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[13]
- Доселеници: Матраковци (3 к.), доселени се од селото Маково, Мариово; Грнчаровци (2 к.), доселени се од селото Грнчари, Преспа; Бурјаковци (6 к.), доселени се од селото Сопотница; Ничевци (5 к.), доселени се од селото Света; Деспотовци (2 к.), доселени се од селото Големо Илино; Тушловци (2 к.), доселени се од селото Журче; Коњаровци (1 к.), доселени се од Коњари, Битолско и Мирчевци (1 к.), доселени се од селото Прибилци, Стојковци (1 к.) доселени се од селото Брезово .
Општествени установи
уреди- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Сладуево, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Сладуево.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0634 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Светец — населба и некропола од средниот век.
- Цркви
- Црква „Св. Илија“ — главна селска црква (во изградба).
Редовни настани
уреди- Слави
- Илинден — главна селска слава
Иселеништво
уредиОд Сладуево има иселеници во градовите Битола и Демир Хисар, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 68–69. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 273. Посетено на 21 март 2020.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 јули 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Железник-Сладуево. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1г.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 март 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-03-21. Посетено на 21 март 2020.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069