Жегљане
Жегљане — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Жегљане | |
Старото основно учичилиште во селото | |
Координати 42°15′44″N 21°54′38″E / 42.26222° СГШ; 21.91056° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 48 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17036 |
Надм. вис. | 540-680 м |
Жегљане на општинската карта Атарот на Жегљане во рамките на општината | |
Жегљане на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во областа Козјачија, во северниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од левата страна на реката Пчиња. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 540 до 680 метри.[2] Од самиот град Куманово е оддалечено 30 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 10 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 464,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 327,3 хектари, а на шумите 185,3 хектари.[2]
Села со кои се граничи Жегљане се: Степанце, Малотино и Кокино.[3]
Жегљане е село од разбиен тип. Во секое маало живеат жители од еден род, поради што маалата се наречени по имињата на родовите.[3]
Историја
уредиЗа времето кога е основано денешното село нема официјални историски извори. Меѓутоа, може да се заклучи дека се работи за старо село: има неколку родови за кои не се знае од каде потекнуваат; воедно, старата селска црква „Св. Ѓорѓи“ потекнува од 1867 година.[3]
Во XIX век, Жегљане било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
На 10 октомври 1944 година во ова село е создадена Кумановската (македонска) дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада.[4]
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Жегљане имало 315 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жегљане имало 386 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Во 1961 година селото броело 328 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 112 жители, од кои 102 Македонци и 10 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Жегљане имало 86 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 45 Македонци и 3 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 315 | 386 | 286 | 339 | 328 | 289 | 210 | 128 | 112 | 86 | 48 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиВо Жегљане постојат стари и доселени родови:[3]
- Стари родови се: Рубејци (6 к.) и Станковци (2 к.), потекнуваат од ист предок и слават Свети Никола; Мартиновци (5 к.), Кљунчинци (3 к.) и Коларци (2 к.), потекнуваат од ист предок и слават Свети Архангел; Пуринци (5 к.), слават Свети Архангел, сместени кон селото Степанце; Поповци (2 к.), слават Свети Архангел, род од кој потекнувале селските свештеници; Биволарци (1 к.) и Ковијанци (1 к.), слават Свети Архангел.
- Доселени родови се: Рогожарци (8 к.), слават Петковден, дојдени од негде; Малисорци (4 к.), слават Свети Архангел, дојдени од Малесија; Рамаданци (3 к.), слават Света Сава, доделени од негде; Козјачани (3 к.), слават Свети Архангел.
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Жегљане, во која влегувале селата Жегљане, Карловце, Кокино, Коинце и Степанце.
Во периодот 1952-1955, селото било исто така седиште на тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Жегљане се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Личности
уредиЛичности родени во Жегљање:
- Милица Антевска — учесник во НОВ на Македонија.
- Пена Антевска — учесник во НОВ на Македонија.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[14]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, сместена во главниот дел на селото
- Споменици
- Споменик од НОБ за создавањето на партизанската бригада
Редовни настани
уреди- Велигден — народен собир
- Преображение — народен собир
- 26 февруари — чествување на датумот на основање на 3. Македонска партизанска бригада во селото
Иселеништво
уредиЖителите на Жегљане најмногу се иселувале во периодот помеѓу двете светски војни и во периодот по Втората светска војна. Најмногу иселеници има во Куманово (околу 30 к.) и по некои низински кумановски села. Две семејства се преселиле во Шабац и Глогањ во Србија.[3]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 123. Посетено на 13 април 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „ВРЕМЕПЛОВ“. Дневник. 10 октомври 2011. Посетено на 2011-11-30.[мртва врска]
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.