Горно Оризари (Скопско)
Горно Оризари — село во Општина Шуто Оризари во Скопје.
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002, селото брои 454 жители, од кои: 444 Македонци, 9 Срби и 1 останат.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 540 жители, од кои 455 Македонци, 4 Албанци, 46 Роми, 13 Срби, 1 останат и 21 лице без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 157 | 185 | 365 | — | — | — | — | 454 | 540 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови уреди
Горно Оризари е македонско село.
Според истражувањата од 1950-тите, родови во селото се:
Мирчевци (6 к.) доселени се од селото Копаница, Полошко. Во споменатото село пред околу 220 години живееле двајца браќа и една сестра, нивната сестра за жена сакал да ја земе некој Албанец, но браќата не ја давале и го убиле Албанецот, и едниот брат побегнал во селото Брезно, а вториот најпрво во селото Кучково, потоа прешол во селото Орман, па од таму во Горно Оризари. Го знаат следното родословие: Димитрија (жив на 90 г. во 1950-тите) Миајле-Јован-Трајко, предокот кој се доселил во селото; Таневци (8 к.) доселени се од некое албанско село во околината на Витина, Косово. Го знаат следното родословие: Павле (жив на 70 г. во 1950-тите) Петре-Тане-Стевко, предокот кој се доселил, нив во местото на старина ги истерале доселените Албанци; Станковци (4 к.) доселени се од истото место како и претходниот род, го знаат следното родословие: Стојан (жив на 55 г. во 1950-тите) Станко-Велко-Станко, основачот на родот; Кусо-Митревци (1 к.) отсекогаш имале една куќа, местото на старина како кај претхидните два рода, го знаат следното родословие: Славе (жив на 35 г. во 1950-тите) Никола-Петре-Митре, основачот на родот; Каскаровци (2 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Мирковци, Скопска Црна Гора. Подалечно потекло имаат од селото Блаце, Кај Качаник. Го знаат следното родословие: Александар (жив на 30 г. во 1950-тите) Божин-Нешо-Петре, кој се иселил од Блаце.[8]
Општествени установи уреди
- Цркви[9]
- Црква „Св. Петка Римјанка“ — главната селска црква, осветена на 7 август 2015 година;
Личности уреди
Родени во Оризари:
- Благоја С. Велковски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Јовче С. Велковски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Атанас С. Велковски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Петко М. Мирчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Тодор Ѓ. Мирчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Спасо Ѓ. Мирчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Миле З. Таневски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Елен П. Таневски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Илија П. Таневски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Младен С. Тодоровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Апостол А. Петровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Славе Н. Петровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Ѓорѓи Б. Петровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Трајан Петровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Бранко М. Пижевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Павле К. Јовчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[10]
- Владо Митревски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Јован Саздовски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2015-10-27.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле. Скопје.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 35. ISBN 9989-35-022-1.