Табановце

село во Општина Куманово

Табановце или Табановци — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Табановце
Табановце во рамките на Македонија
Табановце
Местоположба на Табановце во Македонија
Табановце на интерактивна карта

Карта

Координати 42°12′52″N 21°42′29″E / 42.21444° СГШ; 21.70806° ИГД / 42.21444; 21.70806Координати: 42°12′52″N 21°42′29″E / 42.21444° СГШ; 21.70806° ИГД / 42.21444; 21.70806
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kumanovo Municipality.svg Куманово
Население 817 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17101
Табановце на општинската карта
Табановце во Општина Куманово.svg

Атарот на Табановце во рамките на општината
Commons-logo.svg Табановце на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Табановце се наоѓа во областа Жеглигово, на границата помеѓу Србија и Македонија (граничен премин Табановце) и е оддалечено 8 км од Куманово.

ИсторијаУреди

Подрачјето на Табановце е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Бежине и Падалиште во неговиот атар.[2]

СтопанствоУреди

Селото има развиено стопанство. Населението се занимава со земјоделство и сточарство.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.109—    
19531.265+14.1%
19611.259−0.5%
19711.194−5.2%
19811.164−2.5%
ГодинаНас.±%
1991772−33.7%
1994885+14.6%
2002910+2.8%
2021817−10.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Табановце живееле 500 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Табановце имало 480 Македонци, патријаршисти.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 910 жители, од кои: 205 Македонци, 177 Албанци, 516 Срби и 12 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 817 жители, од кои 241 Македонец, 211 Албанци, 294 Срби, 4 останати и 67 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.109
1953 90 1 53 1.110 ... 11 1.265
1961 78 1 ... ... 1.159 ... 21 1.259
1971 118 126 1 1 ... 935 ... 13 1.194
1981 148 250 736 ... 30 1.164
1991 153 610 ... 9 772
1994 148 174 533 10 885
2002 205 177 516 12 910
2021 241 211 294 4 67 817

РодовиУреди

Православни родови во селото Табановце се: Бузинци (23 к.) они се најстар табановачки род; Заќевци (20 к.) доселени се од денес албанското село Зајас, Кичевско, доселени се околу 1800 година; Мицини (20 к.) доселени се од некое село во Битолско; во маалата Чифлак (36 к.) и Сланиште (35 к.) живеат доселеници од Горна Пчиња и Кривопаланечко; Киселчани (9 к.); Старчани (9 к.) доселени се околу 1920 година од селото Старац кај Врање; Колонисти (10 к.) доселени се како колонисти од Србија и Лика; Пироќанци (15 к.) доселени се од околината на Пирот.

Муслимански родови: муслиманските Албанци во селото се населени од околу 1962 година, кога српските колонисти почнале да се иселуваат во Смедерево, муслиманското население е доселено од околината на Гнилане (13 к.).[8]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Верски објекти
Археолошки наоѓалишта[2]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

Родови иселени од Табановце има во Карабичане (Црвенковци и Басмарци), Режановце (Кокошињаци), Опае (Армутовци), Долно Коњаре (Петруш), Горно Коњари (Пешеви). Од 1945 година, па натака населението почнало помасовно да се иселува низ градовите.[8]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 223. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 217.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: Универзитетска печатница „ Кирил и Методиј “. стр. 27-28–29-30.
  9.   Културно добро бр. 240: „Коџа мехмед бег џамија“Национален информативен систем за културното наследство на УЗКН

Надворешни врскиУреди