Шопур

село во Општина Штип

Горачино — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Шопур

Воздушен поглед на Шопур

Шопур во рамките на Македонија
Шопур
Местоположба на Шопур во Македонија
Шопур на карта

Карта

Координати 41°38′08″N 22°17′58″E / 41.63556°N 22.29944°E / 41.63556; 22.29944
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30071
Надм. вис. 500 м
Шопур на општинската карта

Атарот на Шопур во рамките на општината
Шопур на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди
 
Воздушен поглед на селото

Името доаѓа од зборот шопур што означува цевка од која тече вода, што пак се поврзува со глаголот „шопа“ со значење тече или блика вода.[2]

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Општина Штип, во сливот на реката Крива Лакавица, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Радовиш.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 500 метри.[3] Селото се наоѓа на западните паднини на Плачковица.

До селото води земјен пат во многу лоша состојба, кој се двои од регионалниот пат 1204. Поради изградбата на експресниот пат на А4, пристапот до него е скоро невозможен.

Историја

уреди

Подрачјето на Шопур било населено уште од неолитското време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Пилав Тепе, сместено во околината на селото.[4]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 5,6 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 387 хектари, на пасиштата отпаѓаат 101 хектар и на обработливото земјиште 63 хектари.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948102—    
1953112+9.8%
196176−32.1%
197122−71.1%
19819−59.1%
ГодинаНас.±%
19915−44.4%
19941−80.0%
20022+100.0%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шопур живееле 54 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шопур имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[7]

Шопур е сосема мало село и речиси наполно е иселено. Селото, во 1961 година имало 76 жители, а во 1994 година, само еден жител.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 54 80 102 112 76 22 9 5 1 2 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Шопур било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Шопур се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2310 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект во селото Горачино. Во ова избирачко место се опфатено и селата Горачино и Танатарци.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Воздушен поглед на вулканската купа Пилав Тепе
Археолошки наоѓалишта[4]
Вулкански наобразби

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 206.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 323. Посетено на 6 јули 2025.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 445. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јули 2025.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 22 февруари 2025.

Надворешни врски

уреди