Дексион

населба во Општина Ѓорче Петров, Скопје

Дексион или Ѓорче Петров IIскопска населба во крајниот западен дел на градот, дел од Општина Ѓорче Петров. Како населено место Дексион датира од 1963 година. Веднаш по скопскиот земјотрес, во атарот на тогашните овоштарници биле изградени германски и англиски бараки, за сместување на луѓето кои останале без дом. Оваа населба денес ги исполнува сите услови за функционирање на една населба: основно училиште, градинка, библиотека, игралиште за мал фудбал, амбуланта, геронтолошка болница, домот за палијативна нега "Сју Рајдер", пазар, и сл. Тука се наоѓа и почетната станица на автобусот број 5, а низ населбата минуваат автобусите 2, 5, 12, 32, 56, 60 и 11. Населбата е мултиетничка и е една од малкуте скопски населби во кои има турско маало.[1]

Земјотресот во Скопје од 1963 година: Изградба на приградска населба Дексион, во Ѓорче Петров II
Дексион на картата на Општина Ѓорче Петров.

Наводи

уреди
  1. ДОБРО-ЛОШО. НАСЕЛБА ДЕКСИОН . Архивирано од изворникот на 2013-06-03. Посетено на 2014-09-18.