Општина Дебар
![]() |
![]() |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Дебар |
Регион | ![]() |
Површина | 145,67 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски и албански јазик |
Демографија | |
Население | 19.542 жит. |
- проценка од 31.12.2016 | 20.863 жит. |
Густина | 134,15 жит./км2 |
Населени места | |
Народности | Македонци (Македонци-муслимани) Турци и Албанци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Хекуран Дука |
Совет | 15 члена |
Контактни податоци | |
Седиште | 8 септември 72 1250 Дебар |
Телефон | 046 831-187, 046 831-086 (Градон.), 046 831-196 (Ц.) 046 831-015(Секр. На Градон.) |
Факс | 046 831-555, 046 831-015 |
Мреж. место | Службен портал |
Е-пошта | е-пошта |
Општина Дебар — општина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Дебар. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 19.542 жители, од кои мнозинството се Македонци и Албанци.
ГеографијаУреди
Општина Дебар се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 142.67 километри квадратни. На исток граничи со Албанија, на југ со Центар Жупа и Струга, на исток со Кичево и на север со Маврово и Ростуше. Во општината се наоѓаат планината Крчин и Дебарското Езеро.
СтопанствоУреди
Главен стопанско објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Градското население во општината се занимава со трговија, производство и услуги, а руралното население со сточарство, земјоделство и шумарство.
ДемографијаУреди
- Население
Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 19. 542 жители со густина на население од 134.15 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[1][2]
Народ | Жители | Удел |
Македонци* | 3.911 | 20,01% |
Албанци* | 11.348 | 58,07% |
Турци* | 2.684 | 13,73% |
Роми | 1.080 | 5,53% |
Срби | 22 | 0,11% |
Бошњаци | 3 | 0,02% |
Власи | 2 | 0,01% |
останати* | 492 | 2,52% |
- *Треба да се напомене дека иако во Дебар се попишани 1.415 луѓе како Турци, тоа се всушност Македонци-муслимани со оглед на тоа дека од попишаните Турци 98% за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот. Со тоа бројот на Македонци по националност во Дебар без разлика на вероисповеда е всушност 4469 или 30,69% (бројот на попишани со мајчин македонски јазик). Исто така и околните села на Дебар се во најголем дел македонски (населени со Македонци-муслимани). Дел од Македонците-муслимани се изјасниле и како Албанци. Мал број од Македонците-муслимани се изјасниле и како други.
Вероисповед | Вкупно |
православни | 734 |
муслимани | 17.083 |
католици | 57 |
протестанти | 0 |
останати | 78 |
- Мајчин јазик
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[3]:
Јазик | Жители | Удел |
македонски | 5.973 | 30,5 |
албански | 12.051 | 61,6 |
турски | 1.358 | 6,9 |
ромски | 50 | 0,25 |
српски | 19 | 0,09 |
босански | 3 | 0,01 |
останати | 88 | 0,45 |
Македонци | Турци | Срби | Роми | Бошњаци | Албанци | Власи | останати / непознато | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
апсолутно мнозинство | ||||||||
релативно мнозинство |
Општина Дебар | Вкупно | Македонци | Албанци | Власи | Турци | Бошњаци | Срби | Роми | останати |
Баниште | 90 | 10 | 80 | ||||||
Бомово | 0 | ||||||||
Гари | 10 | 9 | 1 | ||||||
Горно Косоврасти | 818 | 578 | 222 | 18 | |||||
Дебар | 14.561 | 1.054 | 10.768 | 2 | 1.415 | 2 | 22 | 1.079 | 219 |
Долно Косоврасти | 813 | 388 | 4 | 244 | 197 | ||||
Коњари | 0 | ||||||||
Кривци | 9 | 9 | 1 | ||||||
Могорче | 1.794 | 1.408 | 1 | 376 | 1 | 1 | 7 | ||
Осој | 6 | 6 | |||||||
Отишани | 530 | 302 | 46 | 170 | 12 | ||||
Рајчица | 131 | 42 | 72 | 1 | 16 | ||||
Селокуќи | 104 | 104 | |||||||
Спас | 32 | 32 | |||||||
Татар Елевци | 10 | 10 | |||||||
Трнаниќ | 0 | ||||||||
Хаме | 135 | 135 | |||||||
Џепиште | 499 | 105 | 96 | 276 | 22 | ||||
Вкупно | 19.542 100,00% |
3.911 20,01% |
11.348 58,07% |
2 0,01% |
2.648 13,73% |
3 0,02% |
22 0,11% |
1.080 5,53% |
492 2,52% |
ИселеништвоУреди
Иселувањето на населението од Општина Дебар е процес кој се одвива подолг период. Во минатото, миграцијата била воглавно село-град или град-град, но денес е забележано големо отселување на населението во странски држави. Дебарски емигранти во Бугарија (1905/1906) издавале свои весник*.
Општествени установиУреди
- Цркви[4]
- Црква „Св. Димитриј“ - Баниште - црква од 19 век;
- Црква „Св. Јован“ - Баниште - црква од 20 век;
- Црква „Св. Илија“ - Баниште - руинирана црква од 14 век;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари
- Црква „Св. Никола“ - Долно Косоврасти - црква од 19 век, возобновена во 1985 година.
- Манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Рајчица
- Црква „Св. Варвара“ - Рајчица, во маалото Рајчки
- Црква „Св. Атанасиј“ - Рајчица, во маалото Влаовци
- Црква „Св. Димитриј“ - Рајчица, во маалото Радовци
- Училишта
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[5]
Самоуправа и политикаУреди
Градоначалник на општина Дебар е Ружди Љата од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2013-2017.[6] Советот на општина Дебар е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Во склоп на општина Дебар е градот Дебар и следниве села: Баниште, Бомово, Гари, Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Коњари, Кривци, Могорче, Осој, Отишани, Рајчица, Селокуќи, Спас, Татар Елевци, Трнаник, Хаме и Џепиште.
ЛичностиУреди
- Трифон Ангелов (Баниште, 1872 - ?) — револуционер[7]
- Воислав Илиќ — (Баниште), поет и раскажувач, доктор на филолошки науки, литературен критичар и историчар.
- Божин Теофилов — македонски комита, учесник во Илинденското востание во четата на Георги Сугарев, војвода на ВМРО во Дебарско и Реканско
- Неделко и Ристе Китанови — македонски комити, членови на дебарската чета на ВМРО. Ристе загинал во 1902 во борба со турскиот аскер кај селото Јанче, а Неделко учествувал и се борел во Илинденското востание.
- Иван Аговски — македонски револуционер
- Ибе Паликуќа — народен херој од НОБ
- Живко Ошавков — социолог и филозоф, еден од основоположниците на социологијата во Бугарија
- Јордан Даниловски (р. 15 јануари 1957) — македонски поет, критичар, есеист, романописец.
- Васил Куноски (20 ноември 1916 - 13 јуни 1993) — македонски поет за деца.
- Иван Ивановски (10 јуни 1930) — македонски поет, раскажувач, писател за деца, театарски критичар.
- Алексиј Зографски — преродбеник
- Никола Аџиев — револуционер
- Силко Цветков — револуционер
- Тришо Стојановски — писател
Култура и спортУреди
- ФК Кораб (Дебар) — фудбалски клуб основан 1923 г. Има настапувано во Втората македонска фудбалска лига.
НаводиУреди
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
- ↑ Попис на Македонија 2002: јазик, националност и религија
- ↑ „Цркви во Дебарко-реканската парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 2011-02-25.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.34.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
„Општина Дебар“ на Ризницата ? |