Чемерско

село во Општина Кавадарци

Чемерско — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

Чемерско

Куќи во селото

Чемерско во рамките на Македонија
Чемерско
Местоположба на Чемерско во Македонија
Чемерско на карта

Карта

Координати 41°17′30″N 22°08′30″E / 41.29167° СГШ; 22.14167° ИГД / 41.29167; 22.14167
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Бошава
Население 17 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11046
Надм. вис. 670 м
Слава Голема Богородица
Чемерско на општинската карта

Атарот на Чемерско во рамките на општината
Чемерско на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Сретселото во Чемерско

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 670 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 24 километри.[2]

Атарот зазема површина од 18,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 787 хектари, на пасиштата отпаѓаат 582 хектари, а на обработливото земјиште 283 хектари.[2]

Селото се наоѓа на пространа тераса, која е пресечена со повеќе долови, десни притоки на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има овален облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Историја

уреди

Селото било доста старо, но по одреден зулум било раселено. Во XVIII век го презеле беговите и тука се населиле чифчии.[3]

Во XIX век, Чемерско било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Селаните живееле од земјоделство. До 1908 година биле чифчии, а потоа станале слободни. Долното маало било држено од Пашовци од Тремник, а Горното маало од криволачки Емин-ага.[3]

Население

уреди
 
Традиционална куќа во селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948548—    
1953509−7.1%
1961358−29.7%
1971187−47.8%
198151−72.7%
ГодинаНас.±%
199124−52.9%
199417−29.2%
200220+17.6%
202117−15.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Чемерско имало 418 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чемерско имало 520 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Во селото живее македонско население, коешто во 1961 година броело 358 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 17 жители, од кои 16 биле Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Чемерско имало 20 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 418 520 548 509 358 187 51 24 17 20 17
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Како родови во Чемерско се споменуваат:[3]

  • Доселеници: Богевци (9 к.), они најпрво се населиле по опустувањето на старото село. Се доселиле од раселеното село Ракета; Бачовци (22 к.) дедо-Бач избегал од местото Мирчева Пресека под Порта. Таму живееле како Власи; Катранџиовци (1 к.) нивниот сој бил голем, но некои се иселиле во селото Дуброво; Вачковци (7 к.) доселени се однекаде околу средината на XVIII век; Шутевци (5 к.) доселени се заедно со претходниот род однекаде; Дрчевци-Габеровци (2 к.) се доселил дедо-Мицо заедно со неговиот татко Цветко од селото Драчевица. Уште подалечно потекло од Ракета. Таму припаѓале на стариот сој Габеровци; Голчевци (4 к.) се доселил основачот на родот дедо-Ване од селото Бохула поради потурчување кон средината на XVIII век; Серменинци (1 к.) потекнуваат од браќата Велко и Никола, кои се доселени кон средината на XIX век од селото Серменин кај Гевгелија; Петревци-Дујаче (1 к.) доселени се средината на XIX век од селото Бохула; Ризовци (1 к.) доселени се средината на XIX век од селото Драчевица; Мајсторчевци (1 к.) потекнуваат од дедо-Божин кој се доселил кон средината на XIX век од селото Миравци кај Гевгелија; Трипуновци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Драчевица; Пиперковци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Бохула. Таму припаѓале на истоимениот голем род; Јовановци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Рибарци; Димитријовци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Серменин кај Гевгелија; Џолевци (1 к.) доселени се во 1885 година од селото Бохула. Подалечно потекло од Арнаутлук; Горниковци-Темелковци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Гарниково; Димитријовци (2 к.) доселени се во 1890 година од околината на Корча во Албанија; Петревци (1 к.) доселени се во 1898 година исто така од корчанско; Нојчевци (1 к.) доселени се во 1898 година од селото Барово; Чочковци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Конопиште; Витановци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Конопиште; Коцовци (1 к.) доселени се во 1906 година од Неготино. Подалечно потекло од селото Долни Дисан; Крњевци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Крњево; Пејковци (1 к.) Младеновци (1 к.), Костовци (1 к.), Меловци (1 к.) и Градишци-Николовци (1 к.) доселени се во 1907 година од селото Горна Бошава. Костовци и Меловци со подалечно потекло од Мрежичко, а Градишци-Николовци од Градиште; Конопишци-Шулевци (1 к.) потекнуваат од предокот Андон кој се доселил во 1907 година од селото Конопиште; Чакревци (1 к.), Попадичини (1 к.) и Костевски (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Ѓорговци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Бохула.

Општествени установи

уреди
  • Поранешно основно училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

уреди
 
Споменици на НОБ во близина на Чемерско
 
Главната селска црква во селото

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бохула, во која влегувале селата Бохула, Радња и Чемерско.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Чемерско се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0708 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бохула, Радња и Чемерско, кое е сместено во зграда на подружницата „Бор“ во селото Бохула.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[16][17]
Споменици
  • Споменици на НОБ
Манастири
Археолошки наоѓалишта[18]
Реки[19]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 318. Посетено на 20 јануари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 299-302. |access-date= бара |url= (help)
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 јануари 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 20 јануари 2018.
  14. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-06-17. Посетено на 20 јануари 2018.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 9 декември 2017.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 161. ISBN 9989649286.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. „Pедовен професор (во пензија) д-р Трајче Стафилов“. Институт за хемија. Архивирано од изворникот 2017-10-07. Посетено на 25 октомври 2023.

Надворешни врски

уреди