Општина Кавадарци
![]() |
![]() |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Кавадарци |
Површина | 992,44 км2 |
Демографија | |
Население | 38.741 жит. |
- проценка од 31.12.2016 | 38.875 жит. |
Густина | 39,04 жит./км2 |
Населени места | 40
|
Самоуправа | |
Градоначалник | Митко Јанчев |
Совет | 19 члена |
Контактни податоци | |
Седиште | Маршал Тито б.б. 1430 Кавадарци |
Телефон | 043 416-107, (Ц.) 043 416-130 |
Факс | 043 412-919 |
Мреж. место | Службен портал |
Општина Кавадарци — општина во јужниот дел на Повардарието, чии граници допираат до границата со Грција (Општина Меглен, Егејска Македонија). Голем дел од обработливото земјиште во општината е со лозови насади и Кавадарци е познат во Европа и светот по квалитетното вино и грозјето. Градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев.
ГеографиjaУреди
Општината ги зафаќа Тиквешијата и висорамнината Витачево и Тиквешкиот (Кавадаречкиот) дел на Мариово. На територијата на општината се наоѓа и познатот рудник Алшар (познат по реткиот минерал лорандит) и фабриката Фени. Според површината, со 992,44 км2, Кавадарци е втора најголема општина во Македонија, единствено помала од соседната Општина Прилеп.
ИсториjaУреди
Населбата Кавадарци првпат се споменува во 1519 година, како мала рурална населба во состав на Ќустендилскиот санџак.
Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци, кој оставил запис за кавадаречката чаршија, која тогаш организиран градски живот. Наведува дека гратчето е центар на каза со 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Има два ана за трговци и чаршија со околу 74 дуќани.[1]
Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуват дека овде постоела населба уште во античко време и во средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешко Езеро.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Седиште на општината е градот Кавадарци.
Според пописот од 2002 година општината има 38.391 жители.
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 37.863 | 96,79 |
Албанци | 0 | 0 |
Турци | 47 | 0,43 |
Роми | 245 | 1,75 |
Власи | 10 | 0,07 |
Срби | 142 | 0,56 |
Бошњаци | 1 | 0,01 |
останати | 83 | 0,38 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 37.332 |
муслимани | 1.164 |
католици | 25 |
протестанти | 4 |
останати | 216 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 38.204 |
албански | 0 |
турски | 47 |
ромски | 245 |
влашки | 10 |
српски | 150 |
бошњачки | 1 |
останати | 84 |
Во состав на општината влегуваат приградските населби Глишиќ и Ваташа и 38 села: Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, Возарци, Галиште, Гарниково, , Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, ’Ржаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец.
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[2] Советот на општина Кавадарци е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр.267-268.
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |