Отошница
Отошница — село во Општина Ранковце, североисточна Македонија.
Отошница | |
![]() Поглед на селото Отошница кај главната селска црква | |
Координати 42°11′44″N 22°4′49″E / 42.19556° СГШ; 22.08028° ИГДКоординати: 42°11′44″N 22°4′49″E / 42.19556° СГШ; 22.08028° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 61 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1316 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15040 |
Надм. вис. | 533 м |
Слава | Свети Јован |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во долината на Отошничка Река, која е десна притока на Крива Река. Двете долински страни — Осојна и Присојна кои се делумно обработени од населението се спуштаат благо кон реката.
Отошница се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Ранковце, чиј атар допира до соседната Општина Старо Нагоричане. Населбата се протега до подножјето на планината Герман и има ридско-планински карактер. Селото е од разбиен маалски тип. Атарот на селото зафаќа простор од 14,8 км2.
Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 5 километри. До селото има асфалтен пат, кој е во добра состојба. Селото не е поврзано со директен автобуски превоз.
ИсторијаУреди
Селото потекнува од доцното античко време на што укажуваат пронајдените Археолошки наоѓалишта. Пишан доказ за Отошница има од средниот век, кога извесен Властелин Влатко го приложил селото, а на 25 март 1355 година тоа го потврдил и цар Душан на Хиландар.
На крајот на XIX век Отошница спаѓало во Кривопаланечката каза на Османлиското Царство.
СтопанствоУреди
Главно населението се занимава со сточарство и полјоделство. Сточарството е насочено кон одгледување на говеда и овци. Во селото нема никакви стопански објекти.
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Бројот на семејства во Отошница се движел во 1921. г. — 84, 1948. г. — 113, 1961. г. — 128 и 1971. г. — 118 семејства.
Во селото според податоците од пописот во 2002 година живеат 105 жители, сите Македонци.[2] Сите жители припаѓаат на православната религија.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 60 Македонци и 1 лице без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 650 | 640 | 878 | 966 | 997 | 680 | 377 | 186 | 154 | 105 | 61 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
РодовиУреди
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Палигорци (5 к.), Мишаци (2 к.), Пејчиновци (2 к.), Станковци (1 к.), Симонци (3 к.), Кмеци (8 к.), Кара Николци (4 к.), Трајановци (3 к.), Крстевци (3 к.), Гаванци (2 к.), Ишмарци (2 к.), Додинци и Ристинци (6 к.), Прцаци (1 к.), Стојкарци (3 к.), Мандарци (2 к.), Чуљковци (3 к.), Пајковци (1 к.), Пчеларци (3 к.), Бојници (3 к.), Дедо Петковци (1 к.), Димковци (3 к.), Диминци (4 к.), Маљаци (3 к.), Аначковци (3 к.), Вукашинци (5 к.), Чупаци (3 к.) и Јужарци (2 к.)
- Кортопелци или Џукелци (7 к.) се доселени околу 1860 година од селото Златокоп Врање
- Доселеници: Стајковци или Давидовци (16 к.) доселени се од некое село Стајаково кај Куманово (?) (можеби од селото Стакевци кај Прешево ?); Коларци (3 к.) доселени се околу 1855 година од селото Думановце кај Куманово; Богојци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Опила; Баба Јанинци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Гулинци; Марковци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Ранковце.[8]
Општествени установиУреди
- Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“
Самоуправа и политикаУреди
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Отошница се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓа во рамките на истоимената општина.
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[9]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — главната селска црква која потекнува од XIX век
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Аниште — населба од доцноантичко време;
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Грамади — населба од доцноантичко време;
- Лиске — населба од доцноантичко време;
- Могила — некропола од римско време;
- Реки
- Езера
- Отошничко Езеро — вештачка акумулација на Отошничка Река со цел наводнување на земјоделското земјиште, но во летниот период се користи како излетничко-рекреативно место од околните жители.
Редовни настаниУреди
- Свети Јован (20 јануари) — главна селска слава
ЛичностиУреди
- Стефан Алексов — член на доброволните чети од Балканските војни[11]
- Драган Митевски (р. 1949) — политичар и пратеник во Македонското Собрание;
- Киро Станковски (1944-2013) — сликар;
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 20.
Надворешни врскиУреди
- Отошница на Ризницата ?
- Рибарски приказни за Отошничкото Езеро[мртва врска]