Горно Крушје (Ресенско)
Горно Крушје, познато и само како Крушје — село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.
Крушје | |
Координати 41°09′30″N 20°58′54″E / 41.15833° СГШ; 20.98167° ИГД | |
Општина | Ресен |
Население | 55 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 23021 |
Надм. вис. | 1053 м |
Крушје на општинската карта Атарот на Крушје во рамките на општината | |
Крушје на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во најсеверниот дел на областа Преспа, недалеку од патот Ресен - Охрид, оддалечено 9 километри северно од Ресен. Дел од атарот на селото се издига на југозападната падина на Плаќенска Планина. Селото е планинско на надморска височина од 1.140 метри. Селото има полјоделско-шумарска функција. Селото граничи со селата Скребатно, Завој, Свиништа и Плаќе од запад и северозапад, Лева Река од исток, Избишта и Болно од југ.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.
Четири лица, односно Марјан Лазаревски, Ице Ангеловски, Бојан Лазаревски и Мице Велјановски загинале како партизани за време на НОБ во Втората светска војна. Во нивна чест и спомен, на 2 август 1985 година е подигнат споменик во југот на селото.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Крушје живееле 370 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Крушје имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крушје се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 84 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 103 домаќинства и 107 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 49 Македонци, 1 Албанец, 4 Бошњаци и 1 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370 | 480 | 579 | 531 | 414 | 281 | 215 | 137 | 123 | 107 | 55 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиГорно Крушје е македонско село.
Родови во селото се: Башовци, Бешировци, Вељановци, Гошевци, Ганчевци, Димовци, Даворовци, Здравевци, Земановци, Зурловци, Ивановци, Јашаровци, Јузевци, Јанчевци, Коџакаревци, Костовци, Кочовци, Куртовци, Лазевци, Лазаревци, Мазевци, Мишевци, Муловци, Наумовци, Павлевци, Штерјовци, Стојчевци, Трајановци, Тумбалаковци, Ташаровци, Цепенковци, Цветановци, Џавтаковци ,Шоријовци и Шишковци.[12]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци и доселеници со непознато потекло: Цепенковци (7 к.), Здравевци (21 к.), Костовци (25 к.), Џавтаковци (9 к.), Вељановци (12 к.), Ѓоршевци (8 к.), Брлевци (4 к.) и Митановци (1 к.).
- Доселеници со познато потекло: Јанчевци (7 к.) доселени се од селото Вапила, Охридско; Лазевци (4 к.) доселени се од селото Бучин, Крушевско; Башовци (3 к.) доселени се од некое село во Демирхисарско (Железник); Мазевци (3 к.) доселени се од селото Стрежево, Битолско.[13]
-
Урнатини на стара куќа во јужниот дел на селото
-
Куќа во средишниот дел на селото
-
Куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во средишниот дел на селото
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1636 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Илино.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Споменици
- Споменик на Илинденското востание
- Споменик на НОБ
-
Мозаичен споменик во чест на Илинденското востание
-
Мозаичен споменик во чест на Илинденското востание
-
Споменик во чест на загинатите во НОБ од Горно Крушје
-
Споменик во чест на загинатите во НОБ од Горно Крушје
-
Споменик во чест на загинатите во НОБ од Горно Крушје
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Св. Спас — црква и некропола од старохристијанско време;
- Гумење — населба од доцноантичко време;
- Старо Село — населба, црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Крсто Трајков — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.
- Стево Темелков Ангелевски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[17]
- Ставре Темелков Ангелковски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[17]
- Пере Ставрев Башовски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[17]
- Ефтим Јанков Вељановски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[17]
- Ванко Божинов Лазаревски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[18]
- Наум Крстев Павлевски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[19]
- Тане Цветков Џавтаков — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[20]
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиИселеници од ова село до 1949 година може да се најдат во. Аргентина (17 семејства), САД (7 семејства), Канада (2 семејства), Ресен (2 семејства), Србија (4 семејства) и во Бугарија (2 семејства).[13]
Галерија
уреди-
Панорама на куќи во северозападниот дел на селото
-
Куќи во северниот дел на селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 241.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски Фонд на МАНУ к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)