Гарани

село во Општина Кичево

Гарани — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.

Гарани

Поглед на селото

Гарани во рамките на Македонија
Гарани
Местоположба на Гарани во Македонија
Гарани на карта

Карта

Координати 41°32′13″N 21°1′14″E / 41.53694° СГШ; 21.02056° ИГД / 41.53694; 21.02056
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Горно Кичево
Население 27 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6262
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12012
Надм. вис. 840 м
Гарани на општинската карта

Атарот на Гарани во рамките на општината
Гарани на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото со околината

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 840 метри. Од градот Кичево е оддалечено 5 километри.[2] Гарани се наоѓа на западните падини на планината Челоица.

Куќите на ова село се наоѓаат на западните падини на Голи Рид, на височина од околу 900 метри. Околни села се: Стрелци, Шутово, Крушица и други.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Голем Камен, Породин, Голем Рид, Три Лединки, Мусас, Копиде, Ливада Кочас, Гробишта, Плошти, Ѓури Исаку, Подишта, Кауѓер, Штогу, Ѓура, Дојче, Кодра, Ара От и Вешти.[3]

Селото има збиен тип. Куќите на родовите се групирани и се наречени по нив, како што се: Етоски, Кумовци, Мужаковци и други.[3]

Историја уреди

По предание кое се споменува во селата Премка и Светораче, Гарани најпрвин било македонско село. Тогаш било наречено Горани. За тоа говорат и топонимите во селото, но и слаби траги од старини. Вакви траги има во планинскиот дел на атарот во месноста Црквица. Во селото постојат и стари христијански гробишта.[3]

Првите Арбанаси започнале да се населуваат кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век од областа Мат во Северна Албанија. Најпрвин дошол некој овчар од таму, а подоцна пристигнале и други. При арбанашкото доселување, Македонците започнале да се иселуваат. Поради тоа, името на селото, но и некои топоними, биле поалбанчени.[3]

Со доселувањето, но и со самиот наталитет, селото Гарани брзо растело. Затоа, Арбанасите од ова село кон средината на XIX век започнале да се населуваат во тогашното македонско село Стрелци. Поради ова преминување, бројот на куќи во Гарани започнал да се намалува со текот на времето.[3]

Според Тома Смиљаниќ, Гарани претставувало само крај на поголемото село Стрелци, каде се населиле Арбанасите. Од ова село е озлогласениот Ислам Гарана, кој убил стотина христијани во областите на Битола, Кичево и Крушево.[4]

Во XIX век, Гарани било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од само 2,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 136,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 48,7 хектари, а на обработливото земјиште 44,3 хектари.[2]

Селото, во основа, нема развиена аграрна функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948273—    
1953295+8.1%
1961332+12.5%
1971155−53.3%
198144−71.6%
ГодинаНас.±%
19915−88.6%
1994519+10280.0%
2002542+4.4%
202127−95.0%

Според податоците од 1873 година, селото Гарани (тогаш познато како Барни) имало 80 домаќинства со 200 жители муслимани.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 470 жители, сите Албанци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[7]

Гарани во 1961 година броело 322 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 519 жители, исклучиво албанско население.[2]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Гарани, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Гарани живееле 542 жители, од кои 541 Албанци и 1 Македонец.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 17 Албанци и 10 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 470 273 295 332 155 44 5 519 542 27
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Гарани е албанско село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Мужаковци (8 к.), Етовци (7 к.), Кумовци (6 к.), Летниковци (4 к.), Велиовци (4 к.), Љукручевци (2 к.), Љошовци (2 к.) и Кочовци или Коче (2 к.), сите овие родови потекнуваат од предци доселени од областа Матија во северна Албанија кои се населиле на крајот од XVIII и почетокот од XIX век. Во родот Летниковци се знае следното родословие: Садин (жив на 62 г. во 1961 година) Сеадин-Сали-Бајрам-Алим, предокот кој се доселил.

Инаку во Гарани многу од населението има и „торбешка крв“ затоа што често носеле жени од селото Пласница, а во Гарани се памти и некоја жена од Србица, која до крајот на својот живот го знаела мајчиниот македонски јазик.

Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[4]

  • Староседелци: Ликрушовци (8 к.), најстар род и најверојатно било поалбанчени староседелци; Мучовци (3 к.); Етовци (8 к.); Летниковци (6 к.) и Цуровци (5 к.).
  • Доселеници: Велијовци (15 к.), Лотовци (4 к.) и Музаковци (11 к.), по потекло од Дебар, или првин дошле од Мат во Албанија во Дебар, па тука.

Општествени установи уреди

  • Основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Гарани, се наоѓале и селата Арангел, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Стрелци, заедно со селата Гарани, Лазаровци, Мамудовци, Премка, Стрелци и Шутово.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0794 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 450 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Во минатото во селото постоел црковен храм.[4]

Џамии[16]
  • Џамија — главна селска џамија, која е постара од сите други селски џамии во околните села

Иселеништво уреди

Од селото имало многу иселувања, особено во селото Стрелци. Таму целосно се иселил родот Уковци. Од Гарани се иселиле и родовите Оломановци (7 к.) и Фетолочи (4 к.) во кичевските села Премка и Жубрино.[3]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 67. Посетено на 1 јануари 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 31–32.
  4. 4,0 4,1 4,2 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 96-97.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 255.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 јануари 2021.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 1 јануари 2021.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 11 ноември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди