Патишка Река
Патишка Река — село во Општина Сопиште, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје, сместено на падините на планината Караџица.
Патишка Река | |
![]() Поглед на Патишка Река со планината Караџица во позадината | |
Координати 41°48′0″N 21°19′0″E / 41.80000° СГШ; 21.31667° ИГДКоординати: 41°48′0″N 21°19′0″E / 41.80000° СГШ; 21.31667° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 579 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25107 |
Надм. вис. | 1.243 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото е дел од областа Торбешија. Селото се наоѓа на планината Караџица.
ИсторијаУреди
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Патишка Река живееле 670 жители, од кои 550 Албанци и 120 Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Патишка Река имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Патишка Река е средно по големина село, коешто во 1961 година имало 608 жители, а во 1994 година 706 жители, албанско население.
Според последниот попис од 2002 година, селото имало население од 579 жители, сите Албанци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 670[1] | 320[2] | 570 | 617 | 608 | 591 | 619 | 706 | 579 |
РодовиУреди
Патишка Река е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото
- Доселеници: Сенцалар (20 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од селото Сенце во Горна Река; Готкалар (17 к.), Џавда (14 к.), Жуља (9 к.), Гушалар (9 к.), доселени се од Горна Река; Гегалар (13 к.) доселени се од селото Грекање во Горна Река; Жужња (4 к.) доселени се од селото Жужње во Горна Река; Ничпур (5 к.) доселени се од селото Ничпур во Горна Река. Сите доселеници од Горна Река имаат подалечно потекло од Албанија.
Македонски
- Доселеници: Живко или Безика (1 к.) тие биле последни православни што живееле во селото. Овде живееле во 1950 година, по што се иселиле од селото. Во Патишка Река биле доселени од селото Пожаране кај Гостивар. Од тука во Констанца во Романија, и во Скопје има иселено преку 35 семејства до 1950 година.[4]
ГалеријаУреди
Поглед на Патишка Река од падината на Сува Планина на северозапад
Поглед на Патишка Река од падината на Сува Планина на северозапад
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 116-117.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Патишка Река на Карти на Гугл