Нераште
Нераште — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.
Нераште | |
Координати 42°6′24″N 21°6′32″E / 42.10667° СГШ; 21.10889° ИГД | |
Општина | Теарце |
Население | 2.724 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1203 |
Шифра на КО | 28048, 28548 |
Надм. вис. | 532 м |
Нераште на општинската карта Атарот на Нераште во рамките на општината | |
Нераште на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 17 километри северно од Тетово.
Историја
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 29 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани.[2]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нераште живееле 465 жители Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 3.485 жители, од кои 3.478 Албанци и 7 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.724 жители, од кои 2 Македонци, 2.670 Албанци, 1 останат и 51 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 465 | — | 1.301 | 1.457 | 1.663 | 2.280 | 2.901 | 0 | 3.235 | 3.485 | 2.724 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиКако еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Реч (46 куќи), кој потекнува од тројца браќа: Демир, Арслан и Арло. Од нив потекнуваат денешните семејства. Потеклото им — селото Реч, коешто се наоѓа на левата страна од реката Црн Дрим во северна Албанија, а во Македонија живеат од првата половина на 19- иот век.[11]
Нераште е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Староседелци: Љаље (6 к.) они се помуслиманети, па поалбанчени Македонци. Мешајќи се со Албанците целосно се имаат албанизирано.
- Доселеници: Дибран (14 к.) и Оџалари (15 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Ејуп (жив на 60 г. во 1948 година) Баки-Шаќир-Баки-Фета-Дурмиш, кој се доселил во селото; Реч (46 к.) во Нераште дошле тројца браќа (Демир, Арслан и Арла) од селото Реч кое лежи на левата страна на реката Дрим во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Исен (жив на 70 г. во 1948 година) Ајрула-Мемиш-Арла, еден од браќата кои се доселиле; Маџар (31 к.), Мифтаре (22 к.), Јазаџи (13 к.), Шукере (9 к.), Бектеш (7 к.), Вајље (4 к.), Шабане (4 к.) и Шуљк (9 к.) сите се доселени од северна Албанија. Некои се од фисот Красниќи; Цека (5 к.) и Татар (3 к.) доселени се од селото Длабочица кај Качаник; Љоке (6 к.) они се од фисот Красниќи. Постои род со истото име во селото Котлина кај Качаник кои имаат (40 к.). Најверојатно они се дојдени од таму; Гушиц (1 к.) доселени се од селото Гушица кај Качаник; Стрег (1 к.) порано живееле во селото Подбреѓе, нивното потекло е турско.[12]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2029, 2029/1, 2030, 2030/1, 2031 и 2031/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и здравствен пункт.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.653 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиПравославните Македонци од ова село целосно се иселиле во XIX век. Од нив се знае за родот Пејовци (4 к.) кои се иселени во блиското село Варвара.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.325
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р- Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., стр.11
- ↑ 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.